1. | Наслов на наставниот предмет | Проектирање на енергетски конвертори | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ05024 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 18-ЕНЕЛ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Томислав Карталов | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Практични знаења за термичките и електричните пренапрегања кај електронските енергетски елементи и склопови. Осознавање и совладување на методите за нивна заштита. Оспособување за проектирање и изведба на сложени електронски системи обезбедени од пренапрегања и заштитени од ЕМИ. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Термичка анализа и проектирање: Концепт. Контрола на температурата кај полупроводничките елементи. Механизми-спроведување, струење и зрачење. Стационарен и транзиентен термички режим. Термичка анализа на капацитивни елементи. Поим за термичка околина. Термички мерења и алатки за анализа. Основни електрични и магнетни компоненти: Капацитивен елемент. Основни параметри. Видови, Карактерисики и Намена. Индуктивни елементи. материјали и јадра. Ограничувања ¾ хистерезис, скин-ефект во јадра и во бакарни намотки, Ефект на близина. Термичка анализа. Проектирање индуктивни елементи ¾ директна и итеративна процедура. Придушување и зачтита од пренапрегања: Класификација. Придушување во кола со диоди. Придушување во кола со тиристори, BJT, MOSFET и GTO. Кола за управување и активирање: Кола со униполарен и биполарен управувачки сигнал. Директна и индиректна спрега. Оптоизолирани кола и Кола со трансформаторска изолација. Каскодни кола. Кола за управување на тиристори и на GTO. Синхронизација. Импулсни Засилувачи. Принципи и елементи за заштита од несакани електромагнетни влијанија. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Семинарска работа и устен испит | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Гоце Шутиноски | Проектирање на енергетски конвертори (умножени предавања) | ФЕИТ – Скопје | 2006 | |||||||||
2. | Rashid M. H | Power Electronics: circuits, devices and applications | Prentice Hall | 2003 | |||||||||
3. | Mohan N., Undeland T, Robbins W. | Power Electronics – Converters, Applications and Design,3rd Ed. | Wiley | 2002 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Rashid M. H | Power Electronics Handbook | Academic Press | 2001 | |||||||||
2. | Erickson, Maksimovic | Fundamentals of Power electronics, 2nd edition | Kulver Academic | 2004 |