Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC

Последна измена: јули 17, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC
2. Код 4ФЕИТ05029
3. Студиска програма 18-ЕНЕЛ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Гоце Стефанов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно положување на овој предмет, студентот се стекнува со сознанија за можните извори на електромагнетни пречки кај уредите на енергетската електроника, за ефектите од електромагнетните влијанија во енергетската електроника, како и за методите на нивното намалување или отстранување во практиката.

11. Содржина на програмата:

Аспекти на електромагнетните влијанија во енергетската електроника. Услови, препораки и стандарди. Основни принципи на електромагнетната интерференција. Неидеално однесување на компонентите (проводници, печатени плочки, отпорници, кондензатори, индуктивни елементи, трансформатори, ферити, механички прекинувачи, полупроводнички прекинувачки елементи). Извори на чист шум (термички шум, шум на сачма, контактен шум, фреквенциски опсег на шумот). Генерирање на интерферентен шум. Еквивалентни модели. Пренесување на шум и интерферентни пречки. Заземјување. Оклопување. Електромагнетна интерференција кај уредите од енергетската електроника (насочувачи, инвертори, прекинувачки извори за напојување – SMPS, преобразувачи со PWM); извори на пречки, методи на мерење, техники за редуцирање на внатрешни електромагнетни интерференции, ЕМИ филтри. Тестирање на отпорноста на пречки од мрежата за напојување.

12. Методи на учење:

Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Семинарска работа и устен испит
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.    Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. J. A. Cobos Design for Compliance with Standards – PFC & EMC интерна скрипта ФЕИТ 2000
2. Laszlo Tihanyi Electromagnetic Compatibility in Power Electronics IEEE Press,  New York 1995
3. Derek A. Paice Power Electronic Converter Harmonics IEEE Press,  New York 1995
23.2.    Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Clayton R. Paul Introduction to Electromagnetic Compatibility, 2-nd Ed. John Wiley & Sons 2006
2. Ralph Morrison Grounding and Shielding Techniques and Instrumentation, 4-th Ed. John Wiley & Sons 1998
3. Richard Lee Ozenbaugh, Timothy M. Pullen EMI Filter Design, 3-rd Ed. CRC Press, 2011 2011