Процесирање и анализа на слика

Последна измена: јули 18, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Процесирање и анализа на слика
2. Код 4ФЕИТ05031
3. Студиска програма 10-ДПСМ, 19-МВ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Ивановски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По успешното завршување на курсот, студентот ќе биде способен:  – да ги разбира формирањето, аквизицијата и претставувањето на слики, и улогите на основните претпроцесирачки техники.  – да ги разбира современите методи за процесирањето на слика, подобрувањето на слика, реставрацијата  – да ги користи и применува техниките за сегментација на слика, како и техниките за претставување и опишување на облици и текстури  – да ги разбира техниките за следење на објекти  – да ја разгледува и оценува применливоста на техниките за процесирање и анализа на слика за решавање на различни практични проблеми   – да ги следи најновите напредоци во процесирањето и анализа на слика и да ја увиди нивната применливост  – да ги определи и опише критериумите за евалуација на системите за процесирање/анализа на слики.

11. Содржина на програмата:

Дигитализирана слика и нејзини својства. Податочни структури за процесирање и анализа на слика;  Претпроцесирање на слика: трансформации на луминанцијата; геометриски трансформации: локално претпроцесирање; реставрација. Напредни техники за сегментација: одлучување со праг; детекција на граници. Претставување и опишување на облици: идентификација на региони; претставување и опишување на облици засновано на контури; претставување и опишување на облици засновано на региони; класи на облици. Распознавање на објекти: претставување на знаење; статистичко и синтактичко распознавање на примероци; оптимизациски техники во распознавањето.  Математичка морфологија: основни принципи и морфолошки трансформации. Текстура: статистичко опишување на текстура; синтактичко опишување на текстура; хибридни методи за опишување на текстура; методи за распознавање на текстура.  Анализа на движење: диференцијални методи за анализа на движење; оптички протек; анализа на движење заснована на точки од интерес.

12. Методи на учење:

Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот

Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до полагањето на завршниот испит. Во предвидените испитни сесии се полага завршниот испит (времетраење  60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот устен испит.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Milan Sonka, Vaclav Hlavac, Roger Boyle Процесирање на слика, анализа и машински вид Springer 2014
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Rafael C. Gonzalez, Richard E. Woods  Дигитално процесирање на слика  Pearson Education  2018