1. | Наслов на наставниот предмет | Обезбедување на квалитет во радијациона дозиметрија | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ08016 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 15-ММК | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | Прва година/ прв семестар | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Маргарита Гиновска | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Целта на предметот е студентот да стекне знаења за дозиметриските величини и единици, интеракцијата на јонизирачките зрачења со материјата, како и запознавање со техниките и инструментите за дозиметриски мерења. Се оспособува за решавање на конкретни теориски и практични проблеми поврзани со мерења на јонизирачки зрачења, контролата на квалитетот и калибрациите. Студентот стекнува познавања за протоколите и методите кои се неопходни за менаџирање на квалитетот на радијационите мерења и калибрациите кои се применуваат во медицинската физика, радијационата сигурност, индустриските апликации и заштита на животната средина. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Вовед во радијациона физика. Дозиметриски величини и единици. Интеракција на зрачењето со материјата. Стандардизирани техники и инструменти за радијациони мерења. Методи за контрола на квалитет на мерењата на јонизирачките зрачења и калибрации.Термолуминисцентна дозиметрија. Контрола на квалитет на јонизирачките зрачења што се применуваат во медицината, индустријата и радијационата сигурност. Напредни методи и техники за обезбедување на квалитет во радијационата дозиметрија – дозиметрија на мали полиња. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) E | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) C | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | семинарска работа | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | писмен и устен дел | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
Број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Џејмс Е. Мартин | Физика за заштита од радијација | Просветно Дело, Скопје | 2009 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
Број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Rodolphe Antoni, Laurent Bourgois | Applied Physics of External Radiation Exposure: Dosimetry and Radiation Protection | Springer, Cham | 2013 | |||||||||
2. | M.G. Stabin | Radiation protection and Dosimetry | Springer | 2007 | |||||||||
3. | Frank Herbert Attlx | Introduction to Radiological Physics аnd Radiation Dosimetry | WILEY-VCH Verlag, Weinheim | 2004 |