Биомедицинско инженерство (22-БЕ) – 2023

КомпетенцииIII

Студиска програма: 22 – Биомедицинско инженерство (22-БЕ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа биомедицинско инженерство

Студиската програма Биомедицинско инженерство е организирана за да им понуди на студентите широки познавања од оваа изразено мултидисциплинарна област. За квалитетно покривање на оваа разноврсност, во програмата се вклучени 11 професори од 8 научни области кои ги покрива Факултетот. Професорите доаѓаат од 5 различни институти на ФЕИТ меѓу кои 4те институти кои се носители на насоките за слаба струја: Институтот за електроника, Институтот за автоматика и системско инжинерство, Институтот за компјутерски технологии и инженерство, и Институтот за телекомуникации. Дополнително својата експертиза во мерењето на биомедицинските сигнали ќе ја даде Институтот за електрични мерења и електротехнички материјали, а Институтот за математика и физика ќе придонесе во моделирањето на електромагнетните полиња и биолошките процеси.

Студиската програма ќе придонесе за создавање и развој на стручен кадар кој ќе биде оспособен знаењата и вештините од електротехниката да ги применува во повеќе области од биомедицината. Профилот на магистри по биомедицинско инженерство ќе одговори на светскиот и домашен тренд на зголемена потреба од кадар во биомедицинското инженерство. Во оваа област се интегрирани повеќе технички научни дисциплини со хумана цел: подобрување на дијагностичките и терапевтските техники во медицината и поради тоа е во постојан раст и развој во изминатите децении.

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05005 Биомедицински уреди и системи 6 3+3 180
4ФЕИТ05030 Процесирање и анализа на биомедицински сигнали 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05007 Влијание на електромагнетните полиња врз човекот и околинатa 6 3+3 180
4ФЕИТ05015 Компјутерско моделирање во биомедицинското инженерство 6 3+3 180
4ФЕИТ08014 Нумерички методи 6 3+3 180
4ФЕИТ05019 Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали 6 3+3 180
4ФЕИТ05018 Машинско учење во процесирање на сигнали 6 3+3 180
4ФЕИТ05017 Машински вид базиран на длабоко учење 6 3+3 180
4ФЕИТ05010 Дигитално процесирање на говор 6 3+3 180
4ФЕИТ03014 Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци 6 3+3 180
4ФЕИТ05035 Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи 6 3+3 180
4ФЕИТ05023 Проектирање вградливи системи со FPGA 6 3+3 180
4ФЕИТ01006 Интелигентно управување во современата роботика 6 3+3 180
4ФЕИТ07001 Амбиентална интелигенција и паметни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ10020 Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта 6 3+3 180

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ22 Истражувачки проект од областа на биомедицинско инженерство 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900