Можни сертификати: до 5 ЕКТС издадени од ФЕИТ
Цена: бесплатно
Курсот „Технологии и интеграција на електрични возила“ е развиен во рамки на проектот EvolvEV “Supporting the Evolutive Expansion of Technical and Entrepreneurial Knowledge Sets for Electric Vehicle Technologies” финансиран од програмата Еразмус+. Покрај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, застапен преку Факултетот за електротехника и информациски технологии, партнери во проектот се Универзитетот во Западна Македонија, Универзитетот во Нови Сад и Универзитетот во Клуж Напока. Една од клучните цели на проектот EvolvEV е да обезбеди институционално акредитирани курсеви преку заедничка програма за обука со различни теми за електрични возила (ЕВ )и претприемништво. Повеќе информации за проектот https://evolvev.eu/.
Програма на курсот и времетраење
Времетраење: Курсот „Технологии и интеграција на електрични возила“ се состои од 5 модули. За модулите 1-4 предвидени се по 10 часа, додека за модулот 5 се предвидени 6 часа.
Модул 1 – Електрични машини и електромоторни погони кај ЕВ
· Принципи на работа на електричните мотори што се користат кај ЕВ · Моделирање и симулација · Контролни стратегии |
Модул 2 – Енергетска електроника кај ЕВ · Влечни конвертори · Полначи за батерии · Мали и средни конвертори · Конвертори и управување со енергија |
Модул 3 – Технологии за складирање на енергија кај ЕВ
· Батерии · Суперкондензатори · Горивни ќелии · Хибридни технологии за складирање на енергија |
Модул 4 – Интегрирање на ЕВ во ЕЕС
· Инфраструктура за полнење на ЕВ · Влијание на ЕВ врз дистрибутивната мрежа · Комуникациски протоколи · Паметно полнење · ЕВ и пазари на ЕЕ |
Модул 5 – Претприемништво во индустријата за ЕВ
· Идентификување на можности · Процес на развој на продукт и бизнис модели · Анализа на конкуренцијата · Анализа на пазарот · Разбирање и валидација на потрошувачите |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Цел на обуката: Проширување на техничките и претприемничките знаења за технологиите на електрични возила за професионалци кои работат во областа на ЕВ, студенти на ФЕИТ или од технички науки од повисоките години (трета или четврта), студенти на втор и трет циклус студии од технички науки.
Начин на изведување: Обуката ќе се изведува online, со можност за временски флексибилно далечинско учење.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од најмалку 10 пријавени учесници.
Проверка на знаењето и стекнување на кредити: На крајот на секој од модулите ќе се спроведе тест со цел проверка на стекнатото знаење. Со успешно положување на секој тест, учесникот се стекнува со сертификат за реализиран курс чиј обем на работа соодветствува на 1 ЕКТС. Со успешното совладување на тестовите за сите модули, учесникот може да се стекне со сертификати за реализирани курсеви кои соодветствуваат на обем на работа од 5 ЕКТС.
Сертификати: По завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за успешно совладување на обуката како и соодветен сертификат.
Датум на прв курс: април 2025
Пријавување за обуката е на следниот линк.