На Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјесе одржа дводневната едукативна работилница на тема „вградливи микропрокомпјутерски системи“. Настанот, кој е дел од проектот „Технологија за тебе“, се реализира во соработка со Логинг Електроникс и обединува ученици, професори и експерти од областа на технологијата. Во рамките на работилницата се одржаа голем број активности: натпревар за учениците од 11 средни стручни училишта, презентации нанајдобрите ученички проекти со дониранта опрема, стручни обуки и популарни предавања. За прв пат во проектот се вклучи и Европскиот дигитален иновациски хаб ИНОФЕИТ ЕДИХ преку кој се организирашестручнaта обукa за средношколските професори. Тема на обуката беше во полето на аквизиција на податоци со помош на виртуелни системи, интеграција на податоците во телеметриска платформа во облак и други напредни технологии. Со овие активности, настанот го нагласува значењето на развивањето на дигитални вештини и постојано надградување на знаењата и кај наставниот кадар.
Претставување на ИНОФЕИТ ЕДИХ
Натпреварот за учениците од средните стручни училишта се одржа во лабораторијата за производство ФЕИТ-ФАБЛАБ со помош на кадарот од Институтите заелектроника, телекомуникации, автоматика и системско инжинерство, компјутерски технологии и инженерство и компанијата Логинг Електроникс. Задачата на натпреварот се однесуваше на имплементација на систем за декодирање на порака од звучен Морзеов код во реално време и печатење на пораката на дигитален дисплеј со користење на Ардино микрокомпјутер. Учениците исклучително успешно се справија со задачата на натпреварот, а најуспешни ни беа учениците:
- Димитар Србиноски и Ристијан Ристески од училиштето СОТУ Ѓорѓи Наумов – Битола, прво место
- Миа Андреева и Бојан Јованов од училиштето СОУ Гошо Викентиев – Кочани, второ место
- Катерина Пенева и Мелани Трајкова од училиштето ССОУ Коле Неделковски – Велес, трето место
Групна фотографија со наградените ученици
Работна атмосфера на натпреварот во лабораторијата за производство ФЕИТ ФАБЛАБ
Победниците од натпреварот добија шест стипендии за студирање на ФЕИТ на студиската програма Компјутерско хардверско инженерство и електроника и една стипендија за студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство. Исто така, победниците добија вредни награди од компанијата Логинг Електроникс и од компанијата Микроелектроника од Србија која учествуваше со предавање заиновативно технолошко едукативно решение од областа на програмабилните системи во делот за практичната настава.
Најдобрите 80 учесници на ТЗТ 2025
Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски, е горд на иницијативите кои факултетот ги спроведува, нагласувајќи дека сите активности се насочени кон подобрување на условите за студирање, истакнувајќи дека преку овие проекти, учениците, студентите и професорите имаат можност да се стекнат со квалитетни знаења и практични искуства кои ќе ги подготват за идните предизвици.
“Сите наши иницијативи се во насока на подобрување на едукативниот процес во полето на електротехниката, во смисла на понуда на натпревари за средношколци, подобри лабораториски услови за нашите студенти, обуки за професорите преку ИНОФЕИТ ЕДИХ и различни други иницијативи. Се обидуваме да се наметнеме што е можно повеќе во нашиот образовен систем како институција која постојано вложува во нејзината основна дејност“, рече проф. д-р Атанасовски.
Директорот на Логинг Електроникс, Златко Крстевски се осврна на осумгодишната партнерска соработка на овој проект ТЗТ и ја истакна важноста на практичната обука за учениците и професорите. Тој соопшти дека и оваа година имаме обезбедена платена пракса за сите ученици од настанов и стипендии за најдобрите од најдобрите учесници, а за првпат се организираат и практични обуки за професорите кои ќе следат во следните 4-години.
„Она што го гледаме како резултат од овој проект во изминативе години е дека сите ученици што се дел од овој проект се фантастични со знаење, технологијата одлично ја практикуваат, најдобри се. За првпат оваа година директни придобивки имаат и професорите, бидејќи во рамки на работилницата академскиот кадар на ФЕИТ спроведе практична обука за нив на најактуелните теми од електротехниката и информациските технологии“, рече Крстевски.