Микроелектроника и микросистеми

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Микроелектроника и микросистеми

2.    Код

3ФЕИТ05Л024

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Располага со продлабочени инженерски знаења од микроелектрониката. Ги разбира технолошките процеси поврзани со микроелектронските елементи и склопови. Владее со основни CAD алати во микроелектрониката и може да дизајнира едноставни микроструктури.

11.    Содржина на програмата: Вовед – развој на микроелектрониката (ITRS), монокристал, фотолитографија; дифузија, епитаксија, оксидација, јонска имплантација, напарувања – метализација,  симулација на процесите, пакување; елементи на ИК – слојна отпорност, Ирвинови криви, pn-спој, Лоренс-Ворнерови криви, MOS-структура и карактеристики, биполарен транзистор, CAD-системи за нацрт; хибридни интегрирани кола; MEMS  и микросистеми, интеграција на процесите, специфични MEMS структури и примери; Органски полупроводници

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи, семинарски задачи/проекти

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

15

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

65

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби/ проектна задача

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
За време на испитот е дозволено користење калкулатор, но, не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Томислав Џеков Микроелектроника УКИМ 1986

2

Ј.Ќосев Збирка решени примери од микроелектроника FEIT 1989

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard C. Jaeger Introduction to microelectronic fabrication, 2nd еd Prentice Hall 2001

2

Stephen D. Senturia Microsystem design Kluwer academic pub. 2001

3

С. Сентуриа Дизајн на микросистеми Влада на РМ 2015