Напреден Веб дизајн со WordPress

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

Обуката овозможува запознавање со напредните WordPress алатки за развој на Веб апликации, како и изработка на сопствени WordPress шаблони за Веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМА Број на часови Ден
  1. Вовед во PHP

Променливи.

Операции со променливи.

Функции.

Библиотеки.

3 часа Ден 1
  1. Развивање на теми за WordPress

Деца теми, стартер теми

Хиерархија на тема

Шаблон(Template) тагови, условни тагови

3 часа Ден 1, 2
  1. Шаблон за објави

Прикажување на објави (The Loop)

Дефинирање на типови на објави

Вовед во прилагодување на објави, дефинирање на оригинални објави

4 часа Ден 2, 3
  1. Останати напредни елементи на WordPress

WP Query

Data Query, Custom Loops

Акции и филтри

Обезбедување на кориснички внес, Интернационализација

Rest API

10 часа Ден 3, 4, 5
ВКУПНО 20 часа

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во секој ден се предвидени 4 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Бидејќи станува збор за напреден курс, потребно е веќе да се знаат основите за развој на Веб апликации со WordPress.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со напредните WordPress алатки за развој на Веб апликации, како и изработка на сопствени WordPress шаблони за Веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на курсот.