Основи на Андроид програмирање со Јава

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основите за развој на Андроид апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
  1. Вовед во Андроид

Андроид оперативен систем.

Структура на Андроид апликација, JAVA околина, XML дизајн, ресурси.

Андроид Студио развојна околина и дополнителни алатки.

Дебагирање и тестирање на Андроид апликација.

3 часаДен 1
  1. Андроид активности и намери

Андроид активност.

Животен циклус на активност и управување.

Имплицитни и експлицитни намери.

3 часаДен 2
  1. Изглед на Андроид апликација

XML базиран дизајн, елементи, погледи.

Распореди, влезно/излезни елементи.

Манипулација со податоците во JAVA околина.

3 часаДен 3
  1. Навигација и напредни елементи

Главно мени, мени со опции, јазичиња.

Навигација помеѓу активности и апликации.

Работа со листи и картички (ListView, RecyclerView, CardView).

3 часаДен 4
  1. Напредни концепти на Андроид дизајн

Графика, Теми, Стилови.

Материјал дизајн, бои, типографија, анимации.

Адаптибилен и респонсивен дизајн.

3 часаДен 5
  1. Позадински операции

Позадинско процесирање во Андроид апликација.

Приемници на broadcast намери.

Позадински сервиси.

3 часаДен 6
  1. Нотификации, аларми и распоредувачи на задачи

Генерирање и управување со нотификации.

Генерирање и управување со аларми.

Закажување, распоредување и управување со задачи.

3 часаДен 7
  1. Преференции и кориснички поставувања

Работа со податоци во Андроид апликација.

Управување со податоци преку делени преференции (Shared Preferences).

Додавање и работа со контроли за кориснички поставувања.

3 часаДен 8
  1. Работа со база на податоци

Релациони бази на податоци.

SQL синтакса, трансакции, курсори.

Работа со локална SQLite база на податоци во Андроид апликација.

3 часаДен 9
  1. Споделување на податоци помеѓу апликации и со надворешни точки

Работа со провајдери на содржина (content providers) и loader-и.

Споредување на податоци со други апликации.

Поврзување и работа со Firebase надворешна база на податоци.

Поврзување и работа со REST API.

3 часаДен 10

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за JAVA програмирање и XML јазикот.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на Андроид апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе имаат можност да полагаат тест за сертификат од ФЕИТ.