Основи на безбедност во ИКТ

Последна измена: јули 20, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Во време на масовна дигитализација на голем број услуги кои ги нудат државните установи и компаниите и сé помасовна примена на ИКТ, неопходно е познавање барем на основите од безбедноста на ИКТ од страна на сите корисници и што пошироко запознавање на јавност со предизвиците на сајбер-безбедноста.

За таа цел, потребно е развивање на вештини од областа на сајбер-безбедноста, односно безбедноста на ИКТ, и тоа на повеќе нивоа: од најниско ниво, наменето за широката јавност, па сé до специфични и специјализирани вештини наменети за професионалци кои работат во областа на сајбер-безбедност.

Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-367: Security Fundamentals во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој се полага во Микрософт центарот за тестирање при ФЕИТ по завршување на курсот.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
1.    Безбедност на оперативен систем

Автентификација на корисници и нивни привилегии.

Политики за лозинки.

Политики за ревизија.

Енкрипција на податоци.

Злонамерен софтвер (Malware)

4 часаДен 1
2.    Нивоа на безбедност

Основни принципи на сигурноста.

Физичка безбедност.

Безбедност на интернет.

Безбедност на безжични системи.

4 часаДен 2
3.    Мрежна сигурност

Заштитни ѕидови (firewalls).

Заштита на мрежи.

Безбедност на протоколи и типови на напади.

4 часаДен 3
4.    Безбедносен софтвер

Заштита на клиенти.

Заштита на сервери.

Заштита на електронска пошта.

4 часаДен 4
5.    Самостојна работа и проверка на знаењето4 часаДен 5

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во првите 4 дена се предвидени по 4 часа за секоја од предвидените четири теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, петтиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите на безбедноста на информациско-комуникациските технологии. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа на безбедноста во ИКТ.

Програмата на обуката е компатибилна со испитот Exam 98-367: Security Fundamentals од Микрософт, кој е еден од чекорите за добивање на Microsoft Technology Associate (MTA) сертификат.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ и можност да полагаат тест во Микрософт тестинг центарот при ФЕИТ.