Основи на Докер и Kubernetes кластерирање

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 20 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основите за Докер и Kubernetes технологиите. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
  1. Вовед во Докер технологијата

Докер технологија.

Инсталација на Докер и потребни библиотеки.

Основни компоненти на Докер.

Случаи за употреба на Докер технологија.

3 часаДен 1
  1. Потребни компоненти за создавање на Докер контејнери

Дефинирање на поимот контејнер во Докер.

Разлика помеѓу Докер контејнери и виртуелни машини.

Елаборирање на етапниот процес на создавање на Докер контејнер.

3 часаДен 2
  1. DockerFile датотека и Докер слики

Преглед на различни DockerFile датотеки за различни апликации.

Пишување специфична DockerFile датотека.

Градење на Dokerfile датотека.

Создавање на Докер слики.

Манипулирање со слики во Докер (зачувување, пренесување, приказ, отстранување и верзии).

3 часаДен 3
  1. Покренување на Докер контејнери

Создавање на независен контејнер преку Dockerfile датотека и Докер слика.

Вовед во docker-compose.

Создавање на зависни контејнери преку Dockerfile датотеки и Докер слики.

Вовед во начините на комуникација помеѓу контејнерите.

3 часаДен 4
  1. Докер мрежи и волумени

Типови на мрежи во Докер технологијата.

Анализа на видовите на мрежи помеѓу контејнерите.

Вовед во волумени во Докер.

Додавање на волумени во docker-compose на веќе создадени зависни контејнери и трајно зачувување на податоци во контејнери.

3 часаДен 5
  1. Вовед во Kubernetes

Kubernetes технологија, нејзина цел и начин на функционирање.

Инсталација на Kubernetes и потребни библиотеки.

Основни компоненти на Kubernetes.

Примери за кластер структури во Kubernetes.

3 часаДен 6
  1. Иницијализација на кластер структура во Kubernetes

Создавање на кластер структура и јазол менаџер.

Додавање на јазли работници во Kubernetes.

Можност за автоматизација на процесот на кластерирање.

3 часаДен 7
  1. Поставување на Докер контејнери во Kubernetes кластер

Разгледување на deployment.yaml датотеки во Kubernetes.

Компонирање на deployment.yaml датотека.

Овозможување на контејнери во Kubernetes преку deployment.yaml.

3 часаДен 8
  1. Операции со Докер контејнери во Kubernetes кластер

Преглед, пренесување, отстранување на контејнери во Kubernetes кластер.

Реплицирање на контејнери во кластер.

Додавање на трајно зачувување на податоци на контејнери преку волумени.

Интеракција и пренесување на корисникот во околината на контејнерите.

3 часаДен 9
  1. Пад на јазли во кластер и автентикација во Kubernetes

Преглед, пренесување и отстранување на контејнери во Kubernetes кластер.

Компонирање на RBAC датотека за автентикација.

Преглед на процес на auto-heal во Kubernetes.

3 часаДен 10

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Обуката не бара никакво предзнаење во областа на контејнеризација и кластерирање со Докер и Kubernetes технологиите. Меѓутоа, пожелно е основно предзнаење за Линукс оперативниот систем и shell скриптирање.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за Докер и Kubernetes технологиите. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе имаат можност да полагаат тест за сертификат од ФЕИТ.