Основно познавање на компјутерско работење

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката за основно познавање на компјутерско работење организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа на компјутери и програми за канцелариско работење. Опфатени се сите аспекти за стекнување со дигитални вештини за компјутерско работење и основно познавање на најкористените алатки за канцелариско работење. Исто така особено внимание е посветено на компјутерската безбедност и обуката на корисниците за безбедно користење на алатките и безбедно постапување на Интернет. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање ECDL модули (Основи на компјутерот, Основи за користење на интернет, Обработка на текст, Табеларни калкулации, Презентации). ФЕИТ е овластен тест центар за стекнување со ECDL сертификати. Со положување на првите четири (4) модули се стекнувате со ECDL BASE СЕРТИФИКАТ. Полагање на четири ECDL (4) модули е вклучено во цената на обуката. *

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Ден1

  1. Работа со персонален компјутер (2 часа)
  • Компоненти на персонален компјутер
  • Што е хардвер, а што софтвер?
  • Работа со тастатура и глушец
  • Работа со работната површина (Desktop), икони, врски
  • Работа со прозорци на работната површина (минимизирање, максимизирање, затворање, поместување)
  • Поим за датотеки и папки (именици)
  • Креирање,бришење, преименување и префрлање на папки и датотеки
  • Работа со архивирање на податоци (ZIP, RAR, 7z датотеки)
  • Правење копиина податоци (back-up) на други медиуми и локации
Ден1, Ден 2 и Ден 3

  1. Работа со текст (8 часа)
  • Стартување на програма за работа со текст. Опис на основната лента со алатки
  • Менување на фонтови, големина
  • Задебелени, искосени и подвлечени букви
  • Порамнување на текст
  • Снимање и печатење на документи
  • Отворање на постоечки документи
  • Вметнување на заглавје и подножје во документ (header & footer)
  • Вметнување н аброеви на страница (исклучена или вклучена прва страница во нумерирањето)
  • Вметнување на симболи
  • Работа со набројувања и потточки
  • Користење bookmarks
  • Вметнување и уредување на табели
  • Вметнување и уредување на слики
  • Работа со стилови на текст
  • Вметнување на табела за содржина
  • Вметнување и уредување на букви од Word Art
  • Вметнување на фустноти
  • Копирање на текст
Ден 4 и Ден 5, Ден 6

  1. Работа со табеларни пресметки (8 часа)
  • Стартување на програма за работа со табеларни пресметки. Опис на основната лента со алатки.
  • Големина на Excel датотека, како и ограничувања на Excel работен лист
  • Селектирање на ќелии, редици и колони, и нивно форматирање
  • Вметнување и бришење на редици и колони
  • Вметнување, бришење и копирање на работен лист
  • Вметнување на заглавје и подножје во документ (header & footer)
  • Уредување на страници
  • Автоматско пополнување на податоци
  • Спојување на ќелии
  • Форматирање на ќелии, уредување на тип на податок, порамнување, задавање на рамки и боја
  • Формати за броеви, датум, време, валута, проценти
  • Условно форматирање
  • Користење нa функции: sum, max, min, average, count
  • Креирање формули, пресметка на проценти како даноци и маржи
  • Вметнување и уредување на букви од Word Art
  • Вметнување на слика
  • Вметнување на графикони, работа со разни типови на графикони, уредување и изменување на графикони
Ден 7 и Ден 8

  1. Работа со презентации (MS PowerPoint) (5 часа)
  • Основи и концепти на презентирање
  • Креирање презентација
  • Пишување и форматирање на текст
  • Работа со Layouts
  • Организација на слајдови
  • Користење на различни теми за презентација
  • Користење на Master шаблони за презентација
  • Додавање н аграфикони, пити, слики, видео
  • Додавање на акции (движење)
  • Активирање презентација и презентирање
 Ден8 и Ден 9

  1. Работа на Интернет и електронска комуникација (2 часа)
  • Концепт и поим за мрежа
  • Што е Интернет?
  • Што е Веб прелистувач/пребарувач?
  • Основни концепти за пребарување на Интернет. Клучни зборови.
  • Работа со електронски пораки преку Веб пребарувач

◦   Креирање сопствен e-mail налог (yahoo, gmail…)

◦   Промена на заборавена лозинка за електронски налог (сметка)

  • Складирање податоци на Интернет (во облак): Google Drive, Dropbox и сл.

◦   Поставување податоци. Преземање податоци. Праќање барање или дозвола за пристап до податокот

  • Работа со Интернет календар и синхронизација со софтвер за календар
  • Работа со апликации за Интернет комуникација. Инстант пораки и видеоповици (Skype).
Ден 9 и  Ден 10

  1. Работа со електронска пошта (MS Outlook) (3 часа)
  • Основни концепти и поими за електронска пошта: електронска порака, електронска адреса
  • Работа со софтвер/апликација за електронски пораки
  • Основни концепти за поставување сервери за праќање/примање електронска пошта
  • Структура и елементи на електронска порака. Максимална големина на порака.
  • Концепт на електронски адресар (Address Book) и негово користење
  • Праќање и примање на електронска порака. Препраќање и одговор на електронска порака. Вметнување датотеки во електрнска порака (attachment).
  • Организација на електронски пораки: папки, пребарување, сортирање
  • Работа со календар, задачи и белешки
  • Бришење на личната електронска пошта од апликација за пораки на даден компјутер
  1. Основни поими и концепти за безбедна работа на Интернет  (2 часа)
  • Концепт и поим за компјутерска безбедност
  • Хардверска и софтверска заштита на уреди и податоци
  • Препораки за формирање „силни“ лозинки
  • Концепт за поимот заштитен ѕид(firewall). Основно користење.
  • Концепт на компјутерски вируси
  • Поим и заштита од злонамерен софтвер (malware). Вируси, црви (worms), тројански коњи (Trojan), шпионски софтвер (spyware)
  • Софтвер за заштита од вируси – Антивирус софтвер. Редовно одржување и ажурирање. Проверка на компјутерот за можни инфекции.
  • Ажурирање на апликациски софтвер и оперативен систем
  • Поим и заштита од phishing.

* Предуслов за стекнување ECDL сертификати е да се поседува ECDL индекс кој се набавува независно од посетата на курсот.

** По стекнување со ECDL BASE СЕРТИФИКАТ, со дополнително положување уште на модулите  Презентации и Користење на база на податоци (не е опфатен во овој курс) може да се стекнете со ECDL STANDARD СЕРТИФИКАТ.

Повеќе детали  ECDL сертификацијата и условите:

www.ecdlmakedonija.mk

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во двете недели се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените теми во обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења.

Цел на обуката: Курсот за основно познавање на компјутерско работење организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа на компјутери и програми за канцелариско работење. Опфатени се сите аспекти за стекнување со дигитални вештини за компјутерско работење и основно познавање на најкористените алатки за канцелариско работење. Исто така особено внимание е посветено на компјутерската безбедност и обуката на корисниците за безбедно користење на алатките и безбедно постапување на Интернет. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката, но и можност да полагаат ECDL модули за ECDL сертификати.

(Курсот е комаптибилен со програмата за полагање на ЕCDL модулиуте: Основи на компјутерот, Основи за користење на интернет, Обработка на текст, Табеларни калкулации, Презентации, со кои може да се стекне ECDL СЕРТИФИКАТ според  ECDL програмата за сертификација.)