Практичен Интернет на нешта (IoT) со RaspberryPi

Објавено: јули 3, 2020

Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 6 до 10 / термин
Цена:

 

Обуката за Практичен Интернет на нешта (IoT) со RaspberryPi ги воведува и разјаснува концептите на Интернет на нештата (Internet of Things) и примената на повеќе техологии во оваа нова и брзо развивачка гранка на индустријата. Обуката овозможува запознавање со основите на микроконтролери и микрокомпјутери, потоа преку работа со влезно излезни уреди, до градење на паметна соба, како и градење на систем на интернет на нешта (IoT). Се воведуваат и концепти за практична работа во облак, како една од најперспективните гранки за развој на паметни решенија во моментот.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМА Број на часови Ден
1.      Вовед

a.        Микроконтролери и микрокомпјутери, разлики (Raspebrry Pi, Polulu 3pi, Arduino);

b.        Архитектура, делови и функционалност на Raspberry Pi;

c.        Оперативни системи за Raspberry Pi, инсталирање на ОС;

d.        Поставување на работна околина;

e.        Основни команди и кратки програми;

f.        Практични примери.

4 часа Ден 1
2.      Работа со надворешни компоненти

a.        Пинови, прото-борд, разделник;

b.        Влезни и излезни уреди;

c.  Сензори;

d.        Практични примери.

4 часа Ден 2
  1. Подигнување на сервер на локална околина

a.        Далечинско пристапување;

b.        Запознавање со NodeJS;

c.        Подигнување на работна околина;

d.        Практични примери.

 

4 часа Ден 3
4.      Работа во облак

a.        Вовед за облак;

b.        Запознавање со околината на неколку облаци;

c.        Вовед во бази со податоци, разлики помеѓу релациони и нерелациони бази;

d.        Практични примери.

4 часа Ден 4
5.      Синхронизација во реално време помеѓу Raspberry Pi и други апликации поврзани на облак

a.   Работа со готови апликации;

b.   Споделување на податоци помеѓу сите уреди вклучени на ист облак;

c.   Градење на паметна соба или уред;

d.   Практичен проект.

4 часа Ден 5

 

Во рамките на обуката ќе се користат софтверски и хардверски ресурси при ФЕИТ и Институтот за КТИ кои ќе им бидат на располагање на слушателите.

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-10 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во сите 5 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените пет теми во обуката, како и по 1 час практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.

Потребни предзнаења: Обуката е наменета за технички лица со познавања од програмирање кои сакаат подетално да навлезат во концептите на Интернет на нештата (Internet of Things).

Цел на обуката: Оваа обука ги воведува и разјаснува концептите на Интернет на нештата (Internet of Things) и примената на повеќе техологии во оваа нова и брзо развивачка гранка на индустријата. Обуката овозможува запознавање со основите на микроконтролери и микрокомпјутери, потоа преку работа со влезно излезни уреди, до градење на паметна соба, како и градење на систем на интернет на нешта (IoT). Се воведуваат и концепти за практична работа во облак, како една од најперспективните гранки за развој на паметни решенија во моментот.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за успешно посетување и завршување на обуката.