Развој на клиентски Веб апликации со Vue.js

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 6 до 20 / термин
Цена:

 

Курсот за основи на програмирање во Vue.js организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање на Vue.js кој се почесто станува стандарден избор при развој на веб апликации. Опфатени се основи на програмирање во Vue.js, каде се користи и какви можности и функционалности нуди. Курсот посветува големо внимание на креирање на функционални и интерактивни компоненти, менаџирање на состојби со Vuex, креирање на патеки за навигација од една страница на друга со помош на Vue Router како и пристап до REST API преку HTTP протокол.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
1.      Запознавање со front-end програмирање

 

– Основи на програмирање во JavaScript

– Вовед во HTML/CSS

– Вовед во Vue.js

– Основни концепти при пишување на  добар и одржлив код

– Поставување на работна околина

– Разгледување на различни зависности кои се неопходни во една Vue.js апликација

– Инсталирање на Vue plugins

8 часаДен 1 и

Ден 2

2.      Основни поими и концепти во Vue.js

– Пристап до елементи во DOM (Document Object Model) и синхронизација во реално време

– Концепт и поим за темплејт

– Работа со темплејти

– Концепт и поим за слот

– Работа со слотови

– Манипулација на податоци во Vue инстанца

– Работа со computed properties

– Запознавање и работа со Vue Directives

– Запознавање и работа со настани кои се случуваат како резултат на некоја акција

– Практична примена на основни поими и концепти во Vue.js

8 часаДен 3 и Ден 4
  1. Концепт и поим за компонента

 

– Запознавање со креирање на компоненти

– Животен век на компоненти

– Синхронизација помеѓу компоненти

– Организација на компоненти

– Работа со слотови

– Вметнување и уредување на полиња

– Практична примена на компоненти и креирање на форми

 

5 часаДен 5 – Ден 6
4.      Концепт и поим за рутирање

– Вовед во рутирање

– Креирање на патеки за навигација од една страница на друга со Vue Router

– Именување на патеки

– Додавање на параметри во патеки

– Разбирање на можни типови на параметри (вредност, објект, функција) за патеки

– Практична примена на рутирање

3 часаДен 6
5.      Вовед во менаџмент на состојби

 

– Концепт и поим за Vue Store

– Вовед во менаџмент на состојби со Vuex

– Вовед во мутации и акции

– Запознавање со разлики помеѓу мутации и акции и практична примена на истите

– Мапирање на акции во методи

– Вовед во Vue Getters и мапирање

4 часаДен 7

 

  1.   Пристап до REST API преку HTTP протокол

– Типови на пристап до REST API

– Вовед во JSON

– Вовед во Axios

– Испраќање на GET/POST/PUT/DELETE барање со Axios

– Прикажување на податоци од REST API

– Справување со грешки

 

2 часаДен 8

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 8 работни денови. Во сите 8 дена се предвидени часеви за настава за секоја од предвидените теми, како и часеви за практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе во текот на последниот ден.

Потребни предзнаења: Обуката е на напредно ниво и потребни се предзнаења за програмирање и веб програмирање.

Цел на обуката: Курсот за основи на програмирање во Vue.js организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање на Vue.js кој се почесто станува стандарден избор при развој на веб апликации. Опфатени се основи на програмирање во Vue.js, каде се користи и какви можности и функционалности нуди. Курсот посветува големо внимание на креирање на функционални и интерактивни компоненти, менаџирање на состојби со Vuex, креирање на патеки за навигација од една страница на друга со помош на Vue Router како и пристап до REST API преку HTTP протокол.

Самостојна работа и проверка на знаењето:  За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и за успешно завршување на обуката.