Развој на клиентски веб апликации

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Програмата на обуката е компатибилна со испитите од Микрософт: Exam 98-375 (HTML5 Application Development Fundamentals), Exam 98-383 (Introduction to Programming using HTML and CSS) и Exam 98-382 (Introduction to Programming using JavaScript). Испитите се полагаат во Микрософт тестинг центарот при ФЕИТ. Едно полагање за МТА сертификат е вклучено во цената на обуката.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
  1. Основи на HTML

Елементи за структурирање на страница.

Елементи за оформување на содржина на страница.

Работа со форми – структура, елементи и атрибути.

3 часаДен 1
  1. Дополнителни елементи во HTML

Линкови, внатрешно поврзување на елементи.

Креирање графички елементи.

Мултимедиски HTML елементи.

3 часаДен 2
  1. Основи на CSS

CSS селектори, воведување на CSS стил во страница.

Модел на кутија – обвивка, граница и маргина.

Позиционирање на елементи, уредување текст, фонт, димензии.

3 часаДен 3
  1. Напредни можности на CSS

Менија, галерии.

Адаптивен дизајн, CSS media, CSS Flexbox, CSS grid.

3 часаДен 4
  1. Основи на JavaScript програмирање

JavaScript програмски јазик, синтакса.

Променливи, податочни типови, оператори.

Контрола на тек и функции.

3 часаДен 5
  1. JavaScript напредни елементи

Објекти, својства и методи.

Креирање на објекти и наследување.

Вградени објекти: Number, String, Array, Date, Math, Boolean.

3 часаДен 6
  1. Document Object Model

Document Object Model (DOM) на HTML страна.

Структура на DOM и хиерархија.

Вградени објекти: прозорец, документ, форми.

3 часаДен 7
  1. DOM и JavaScript

Пристап и манипулација со DOM елементи.

Менување на HTML и CSS својства преку JavaScript.

Управување со настани и анимации.

3 часаДен 8
  1. JQuery

JQuery синтакса (vs. plain Javascript).

Селектори, изминување на DOM, филтрирање.

Ефекти, настани, манипулација со HTML и CSS.

3 часаДен 9
  1. JQuery и REST API

Концепт на REST API и функционалности.

Користење на AJAX со JQuery.

Размена на JSON, XML објекти.

3 часаДен 10


НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за програмирање.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Програмата на обуката е компатибилна со испитите од Микрософт: Exam 98-375 (HTML5 Application Development Fundamentals), Exam 98-383 (Introduction to Programming using HTML and CSS) и Exam 98-382 (Introduction to Programming using JavaScript), кои се чекори за добивање на Microsoft Technology Associate (МТА) сертификат.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ.