Развој на веб апликации со PHP (HTML/CSS и MySql)

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 20 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со PHP, HTML, CSS и MySQL  како едни од најкористените технологии за развој на веб софтвер денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
1.       Вовед во развој на web апликации со PHP

• Архитектура на WEB апликација.

• Основни концепти на HTML и CSS

• Едитирање и тестирање на PHP апликација

• Основни PHP вештини

• PHP синтакса

• Земање на податоци од HTTP барање

4 часаДен 1
2.       Работа со променливи и MVC шема  (4 часа)

·        Пишување основи команди

·        Работа со променливи. Контролни изкази во PHP.Типови податоци, константи и променливи

·        Користење на MVC шема за кореирање на PHP апликација.

·        Користење на функции.

·        Пренасочување на барањата.

4 часаДен 2
3.       Веб форми и податоци (4 часа)

·        Работа со податоци од прашалници (forms).

·        Преземање податоци од текст полиња.

·        Податоци од елементи за избор на опции.

·        Работа со полиња на елементи.

·        Прикачување на податоците во WEB страница.

4 часаДен 3
4.      Обработка на податоци од форма

·        Пишување на контролни искази.

·        Пишување на условен исказ во PHP.

·        Програмирање на итеративи структури.

·        Програмирање на структури за избор.

·        Работа со стрингови и броеви.

·        Предефинирани функции и опрации во PHP за работа со стрингови и броеви.

·        Работа со дата и време.

·        Креирање и користење на полиња.

·        Коритење на функции при работа со полиња.

·        Работа со полиња од полиња.

5 часаДен 4
5.      Вовед во MySql бази на податоци и концепти

·        Користење на PHP со MySQL.

·        Поврзување со MySQLбаза.

·        Преземање, вметнување, промена и бришење на податоци во база.

·        Работа со ресурсен  сет.

·        Испишување на податоци на WEB страница.

5 часаДен 5

 

6.      Работа со колачиња, сесии и ојбекти

·        Работа со колачиња и сесии.

·        Стартување на сесија.

·        Постравување и повикување на библиотеки во PHP.

·        Напредни вештини за работа со функции.

·        Креирање и работа со објекти. Креирање и користење на класи, константи, својства и методи на класа.

·        Клонирање и споредба на објекти

5 часаДен 6
7.      PDO, MySQLi и безбедни веб страници

• Работа со PDO и mysqli.

• WEB водени од база.

• Работа со големи текстуални колони.

• Креирање на сигурни WEB страни.

• Користење на сигурни конекции.

• Користење на автентикација во PHP.

5 часаДен 7
8.      Работа со email и датотеки

·        Испраќање на е-mail и пристап до други web страници.

·        Работа со датотеки.

·        Работа со пакети и функции.

4 часаДен 8
9.      Имплементација на веб страница

• Практичен пример за имплементација и заокружување на материјалот.

• Аспекти на развој и пронаоѓање на грешки во кодот.

4 часаДен 9

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 9 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 9 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 до 2 часа практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест или практично имплементирање на дел од софтверско решение што не е вклучен во бројот на часови за настава.

Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со PHP, HTML, CSS и MySQL  како едни од најкористените технологии за развој на веб софтвер денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.