Вовед во Бази на податоци

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 20 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со Базите на податоци, кои можат да му послужат на секој еден вработен во 21 век во организирање на податоците за работа и анализирање на истите. Поставување на прашања и обработка на податоците, запознавање со системи за управување на бази на податоци.

Може да се избере една од сертификациите:

1. Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-364 Database Fundamentals во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој се полага во Микрософт центарот за тестирање при ФЕИТ по завршување на курсот. Едно полагање за МТА сертификат е вклучено во цената на обуката.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

или

2. Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање ECDL модулот Користење на база на податоци. ФЕИТ е овластен тест центар за стекнување со ECDL сертификати. Повеќе детали за ECDL сертификацијата (*).

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
1.      Основните концепти податоци

●     Вовед во податоците

●     Дефиниција на податок и атрибути

●     Опишување на податоци и мапирање од програмите

●     Организација на податоци во компјутерски систем

●     Дефинирање на единица податок

3 часаДен 1
2.      Организација на податоци

●     Начин на организација на податоците

●     Физички карактеристики

●     Огранизирање на податоците во Блок меморија

●     Дефинирање на податочни структури и организација

●     Оптимизација на организирање на податоците

●     Аспекти на пристап до податоците

4 часаДен 2
3.      Моделирање на податоци

·        Концепт на моделирање на информација

·        Различни модели и дефиниција на објекти

·        Модели од реалниот свет

·        Вовед во Ентитет Релација

·      Примери

5 часаДен 3
4.      Проширен ентитет-релација модел и мапирање

·        Предности на проширениот ентитет-релација

·        мапирање на дијаграм во релации

·        Аспекти на мапирање и разрешување на врските

·        примери

4 часаДен 4
5.      Вовед во SQL опишувачки јазик

·        SQL синтакса

·        мапирање на релациони бази на податоци во табели

·        Ограничувања

·        Практична имплементација и креирање на бази на податоци

·        Генерирање на дијаграм

4 часаДен 5

 

6.       Вовед во SQL прашален јазик

·        Основни концепти на прашање

·        Добивање на одговори

·        Манипулација со податоци

·        Примери

4 часаДен 6
7.      Работа на тригери

·        Основи концепти на настан и „фаќање“ на настани

·        Обработка на настани со тригери

·        Примери

3 часаДен 7
8.      индекси и корисници

·        Индексирање и кластерирани индекси

·     Креирање на корисници

·        Примери

3 часаДен 8
9.      Безбедност, Бекап и враќање на податоците

·        Аспекти на безбедност и кориснички профили

·     Креирање на бекап и враќање на податоци

5 часаДен 9

* Предуслов за стекнување ECDL сертификати е да се поседува ECDL индекс кој се набавува независно од посетата на курсот.

** По стекнување со ECDL BASE СЕРТИФИКАТ, со дополнително положување уште на модулите  Презентации и Користење на база на податоци (не е опфатен во овој курс) може да се стекнете со ECDL STANDARD СЕРТИФИКАТ.

Повеќе детали  ECDL сертификацијата и условите:

www.ecdlmakedonija.mk

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 9 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 9 дена се предвидени по 2 до 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 до 2 часа практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.

Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со Базите на податоци, кои можат да му послужат на секој еден вработен во 21 век во организирање на податоците за работа и анализирање на истите. Поставување на прашања и обработка на податоците, запознавање со системи за управување на бази на податоци.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката, но и можност да полагаат за Microsoft сертификат во рамките на во рамките на Микрософт центарот за тестирање при ФЕИТ по завршување на курсот.

(Курсот е компатибилен со програмата за полагање на испитот Exam 98-364 Database Fundamentals од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација.)