Вовед во дизајн на Веб апликации со WordPress

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
  1. Поставување на WordPress страница

Избирање на хостинг.

Инсталирање на WordPress.

Преглед на контролен панел во WordPress.

Тoolbar, navigation, homepage, login page, updater.

2 часаДен 1
  1. Разгледување на основни елементи во WordPress

Работа со страници.

Работа со објави – управување, додавање, бришење.

Креирање категории.

Означување на текстови. Работа со тагови.

Најдобри практики.

Едитори – Gutenbergeditor, classic WYSIWYG editor.

Работа со медиа фајлови – додавање и зачувување.

Работа со блокови и класичниот едитор за збогатен текст.

8 часаДен 1, 2, 3
  1. Регулирање на изглед на страница

Теми.

WordPress прилагодувач.

Widgets.

Менија.

4 часаДен 3, 4
  1. Дополнителни можности на WordPress

Подесувања во WordPress.

Модули во WordPress.

Корисници.

Коментари.

2 часаДен 4
  1. Одржување на WordPress страница

Безбедност.

Алатки за редовно одржување.

Алатки за заштита на страница.

4 часаДен 5

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во секој ден се предвидени 4 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за програмирање.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ.