Вовед во програмирање со Java

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 25 / термин
Цена:

 

Курсот за вовед во програмирање со Java ги опфаќа основните концепти на програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик Java. Во рамките на курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање (типови податоци, променливи, оператори и операции, концептите за if-else, while, for, како и некои едноставни податочни структури за организација на податоци). Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на програмирање. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-388 Introduction to Programming Using Java.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Реден бројТеми кои се обработуваатБрој на часови
 

1

Основните концепти на програмирањето и запознавање со Java

·        Вовед во основните концепти на програмирањето

·        Алгоритми и алгоритамско размислување

·        Запознавање со Java како програмски јазик;

·        Елементи на main()

·        Прва програма во Јава

·        Влез и излез

2
 

2

Податоци

·        Типови податоци, константи и променливи

·        Опсег на важење на променливи (Declaring a variable within a block, class, method)

·        Низи од знаци (String)

·        Работа со низи од знаци

·        Претворање на типови податоци. Cast.

3
 

3

 Операции

·        Запознавање со оператори и операции

·        Аритметички оператори и операции

·        Разлики кај делење

·        Релациони оператори

·        Логички оператори

3
 

4

Структури за избор 

·        Структури за избор (промена на тек)

·        if-else структура

·        switch .. case структура

2
 

 

5

 Концеп на функции/методи

·        Основни концепти

·        Функции/методи со return

·        Посложени функции/методи

 

 

 

3

 

6

 Запознавање со структури за повторување

·        Основни концепти на структури за повторување

·        for – структура

·        for each- структура

·        while – структура

·        do … while – структура

·        Вгнездени циклуси

 

3

 

7

 Низи како податочни структури

·        Основи и концепти на низи. Индекси. Сместување.

·        Изминување на низи.

·        Дводимензионални низи (матрици) Индекси. Сместување.

·        Изминување на матрици.

·        Решавање проблеми со низи. Подредување. Пребарување.

 

6

 

8

 

 

 Концепти на објектно-ориентирано програмирање

·        Концепт на класи. Елементи на класи. Објекти. Класи во Java.

·        Конструктори и преоптоварување на конструктори.

·        Работа со this

·        Наследување и преоптоварување на основно ниво

·        Private, public, protected

·        Методи во класи (return тип, void, static методи)

·        Енкапсулација на основно ниво

·        Работа со пакети и класи во Java.

 

6

 

 

 

 

 

 

9

 Работа со грешки и исклучоци

·        Откривање синтаксни грешки

·        Откривање логички грешки

·        Откривање грешки при извршување

·        Дебагирање

·        javac команда (излез и информации)

·        Работа со исклучоци

·        try … catch … finally

 

 

 

 

 

 

2

Вкупно:30 часа

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во двете недели се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените девет теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, десеттиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.

Цел на обуката: Курсот за вовед во програмирање со Java ги опфаќа основните концепти на програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик Java. Во рамките на курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање (типови податоци, променливи, оператори и операции, концептите за if-else, while, for, како и некои едноставни податочни структури за организација на податоци). Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на програмирање. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.

(Курсот е компатибилен со програмата за полагање на испитот Exam 98-388 Introduction to Programming Using Java од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација.)