Вовед во програмирање со програмскиот јазик C

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 25 / термин
Цена:

 

Курсот за вовед во програмирање со C ги опфаќа основните концепти на програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик C. Во рамките на курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање (типови податоци, променливи, оператори и операции, концептите за if-else, while, for, како и некои едноставни податочни структури за организација на податоци). Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на програмирање. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Реден број Теми кои се обработуваат Број на часови
1 Вовед во компјутерски системи, компоненти и организација: процесор, регистри, меморија. 1
2 Програмирање. Програмски јазици. Синтакса и семантика. 1
3 Структура на програма во C. Податочни типови. Константи. 1
4 Променливи и видови променливи. Оператори. Релациски и логички операции. Основни-влезно излезни изрази. 1
5 Наредби за контрола на извршување на програмата: наредби за гранење (if- else, switch) 2
6 Наредби за контрола на извршување на програмата: наредби за повторување (for, while) 3
7 Вовед во функции и работа со функции 3
8 Вовед во низи и работа со низи. 3
9 Вовед во покажувачи и операции со покажувачи. 3
10 Решавање проблеми со низи. Подредување. Пребарување. 3
11 Повеќеиндексни низи – матрици и операции со нив. 3
12 Работа со текстуални низи. 3
13 Аргументи во main() функција. Концепт на датотеки. 3
Вкупно           30 часа

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во текот на двете недели се предвидени по 3 часа за секоја од предвидени теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, десеттиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.

Цел на обуката: Курсот за вовед во програмирање со C ги опфаќа основните концепти на програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик C. Во рамките на курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање (типови податоци, променливи, оператори и операции, концептите за if-else, while, for, како и некои едноставни податочни структури за организација на податоци). Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на програмирање. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.