Вовед во програмирање со Python

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 6 до 20 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со Python како еден од најкористените програмски јазици денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.

Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот 98-381 Introduction to Programming Using Python во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој се полага во Микрософт центарот за тестирање при ФЕИТ по завршување на курсот.. Едно полагање за МТА сертификат е вклучено во цената на обуката.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМАБрој на часовиДен
  1. Вовед

a.      Општ развој на програмските јазици;

b.      Општа структура на програма и основни елементи на Python;

c.      Декларирање на променливи;

d.      Оператори – аритметички, релациони, логички;

e.      Влез и излез на податоци;

f.       Практични примери.

3 часаДен 1
  1. Структури за избор

a.      If … elif … else;

b.      Switch-case;

c.      Практични примери.

3 часаДен 2
  1. Структури за повторување

a.      While;

b.      For;

c.      Вгнездени циклуси;

d.      Практични примери.

3 часаДен 3
  1. Полиња

a.      Општо за полиња, листи;

b.      Работа со полиња – додавање, пребарување и бришење на елементи;

c.      Практични примери.

3 часаДен 4
  1. Матрици

a.      Општо за матрици;

b.      Операции со матрици;

c.      Практични примери.

3 часаДен 5

 

  1.  Асоцијативни полиња

a.      Дефиниција на асоцијативно поле – клуч, вредност;

b.      Вгнездување на податоци;

c.      Практични примери.

3 часаДен 6
7.      Функции

a.      Дефиниција на функција;

b.      Аргументи на функција, повратна вредност од функција;

c.      Практични примери.

3 часаДен 7
8.      Библиотеки

a.      Вклучување на библиотеки;

b.      Користење на функции од библиотеки;

c.      Практични примери.

3 часаДен 8
9.      Работа со стрингови

a.      Дефинирање на стрингови;

b.      Операции со стрингови;

c.      Практични примери.

3 часаДен 9
10. Работа со текстуални фајлови

a.      Отворање и затворање на фајлови;

b.      Читање, запишување и додавање во фајлови;

c.      Конверзија на фајл од еден во друг формат;

d.      Практични примери.

3 часаДен 10

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 10 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 час практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.

Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со Python како еден од најкористените програмски јазици денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката, но и можност да полагаат за Microsoft сертификат во рамките на Microsoft Testing Center-от при ФЕИТ.

(Курсот е компатибилен со програмата за полагање на испитот 98-381 Introduction to Programming Using Python од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација.)