Курсот за вовед во веб технологии со Јава и Spring Boot организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа со платформата Spring Boot. Слушателите ќе стекнат познавање на програмскиот јазик Јава, објектно-ориентирано програмирање, релациони бази на податоци и ќе се запознаат со основните поими и концепти од Spring Boot. Исто така големо внимание е постветено на податочни структури, SOLID принципи, Maven, разлики помеѓу Spring и Spring Boot, REST, Spring MVC и тестирање.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
1. Вовед во програмирање со Јава
– Каде и зошто се користи? – Верзии на Јава – Вовед во JDK, JRE и JVM – Работна околина за програмирање со Јава – Поим и концепт за објектно-ориентирано програмирање -Запознавање со објекти, класи и наследување во Јава – Работа со податочни типови, примитивни типови на податоци и константи во Јава – Поим и концепт за аритметички изрази, споредување и логички оператори – Работа со низи – Поим и концепт за метод, аргументи и параметри – Организација на класи и контрола на пристап – Поим и концепт за интерфејс – Поим и концепт за исклучоци – Типови на исклучоци – Податочни типови во Јава – SOLID принципи |
10 часа | Ден 1, Ден 2 и Ден 3 |
2. Вовед во Maven
– Што е Maven? – Запознавање со Maven команди во конзола – Вовед во POM (Project Object Model) – Работа со Maven Repositories – Запознавање со Maven тагови и наследување |
3 часа | Ден 3 |
– Што е Spring? – Поим и концепт за IOC (Inversion of control) – Поим и концепт за DI (Dependency Injection) – Типови на конфигурација – Поим и концепт за bean -Запознавање со Spring анотации и нивна употреба |
4 часа | Ден 4 |
4. Вовед во Spring Boot
– Што е Spring Boot? -Запознавање со почетни зависности при креирање на една Spring Boot апликација – Работа со Spring Boot Maven Plugin – Работа со @SpringBootAnnotation – Поим и концепт за сервис, компонента и контролер – Релацино мапирање на објекти – Вовед во JDBC – Вовед во JPA – Вовед во Hibernate, JPQL, HQL – Типови на мапирање во Hibernate |
5 часа | Ден 5 и Ден 6 |
5. Вовед во REST
– Што е REST? – Поим и концепт за REST архитектура – Вовед во HTTP протокол – Употреба на HTTP методи GET/POST/PUT/DELETE |
2 часа | Ден 6
|
6. Вовед во Spring Web MVC
– Што е Spring Web MVC? – Запознавање со @Controller и @RestController анотации – Запознавање со @RequestMapping анотација – Работа со @RequestBody и @ResponseBody анотации – Дефинирање на URL – Поим и концепт за REST контролер |
3 часа | Ден 7 |
7. Теситрање на Spring Boot апликација
– Што е тестирање на апликација? – Запознавање со библиотеки за тестирање – Начини на тестирање -Запознавање со мануелно(рачно) и автоматизирано тестирање – Вовед во Test Driven Developments – Нивоа на тестирање – Запознавање со модуларно, интеграциско и системно тестирање – Техники за модуларно тестирање – Вовед во JUnit – Запознавање со JUnit зависности и конвенции – Работа со Mock(лажни) објекти и нивна употреба – Запознавање со анотации кои најчесто се користат при процесот на тестирање |
3 часа | Ден 8 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 8 работни денови. Во сите денoви се предвидени часови за предавање за секоја од предвидените теми, како и часеви за практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе во текот на последниот ден.
Потребни предзнаења: Обуката е на напредно ниво и потребни се предзнаења за програмирање и основи на објектно-ориентирано програмирање.
Цел на обуката: Курсот за вовед во веб технологии со Јава и Spring Boot организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа со платформата Spring Boot. Слушателите ќе стекнат познавање на програмскиот јазик Јава, објектно-ориентирано програмирање, релациони бази на податоци и ќе се запознаат со основните поими и концепти од Spring Boot. Исто така големо внимание е постветено на податочни структури, SOLID принципи, Maven, разлики помеѓу Spring и Spring Boot, REST, Spring MVC и тестирање.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и за успешно завршување на обуката.