Основи на работа со Linux

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 10 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката за основи на работа со Linux организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за оперативниот систем Linux, запознавање со концептите и оспособување за работа во овој оперативен систем. Овој курс е наменет за сите слушатели кои би сакале да се запознаат и оспособат за работа со овој оперативен систем. Курсот е на основно ниво и не се потребни претходни предзнаења. По завршување на курсот, слушателите ќе бидат оспособени за користење и основно адаптирање на Linux базирани оперативни системи во секојдневните работни обврски. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Ден 1 (4 часа)

  1. Крaтка историја за Linux
    1. Вовед во оперативни системи
    2. Структура на Linux
    3. Споредба меѓу Windows и Linux
  2. Подготовки за инсталација
    1. Вовед во виртуелизација
    2. Инсталација на VirtualBox
    3. Креирање на виртуелна машина
    4. Избор на дистрибуција (Red Hat, SuSE, Ubuntu)
    5. Хардверски побарувања
    6. Превземање на инсталацијата
  3. Инсталација на Linux
    1. Опис на постапката
    2. Самостојна инсталација од страна на слушателите
    3. Други инсталациски методи
Ден 2 и 3 (8 часа)

  1. Работа со датотеки и папки

4.1  Концепт на дрво на именици и патеки

  1. Концепт на датотеки и именици
  2. Апсолутни патеки
  3. Релативни патеки

4.1  Работа со графички менаџер за работа со датотеки

  1. Работа со Nautilus
  2. Работа со Dolphin
  3. Работа со Konqueror
  4. Работа со Thunar

4.2 Запознавање со командна линија

  1. Концепт на команди
  2. Структура на команди и агрументи

4.3 Работа на командна линија

  1. Навигација низ дрво на именици, пребарување
    • cd, pwd, ls , find, whereis, locate
  2. Читање на датотеки
    • cat, more, less, tail
  3. Работа со датотеки/папки и пребарување
    • touch, rm, rmdir, mkdir, mv, cp, grep
  4. групирање/компресија на датотеки/папки
    • tar, cpio, gzip, compress
  5. Привилегии на датотеки/папки и сопствеништво
    • концепт на корисници и групи
    • chmod, chgrp, chown
  6. Управување со корисници и групи
    1. Креирање на корисници (графички алатки и командна линија)
    2. Креирање на групи (графички алатки и командна линија)
    3. Управување со корисници и групи
    4. su и sudo команда
Ден 4 (4 часа)

  1. Управување со софтвер
    1. GUI пакет менаџери
    2. RPM & YUM/DNF пакет менаџмент
      1. Опис на пакетите
      2. Пребарување, инсталација, ажурирање и бришење на пакети (rpm, yum), кратки вежби
  • Верификација и информација за пакетите, кратки вежби
  1. Преглед и конфигурација на репозиториуми (/etc/yum.conf, /etc/yum.repos.d/ ), кратки вежби??
  1. Debian базиран пакет менаџмент
    1. Опис на пакетите
    2. Пребарување, инсталација, ажурирање и бришење на пакети (dpkg, apt-get), кратки вежби
  • Верификација и информација за пакетите, кратки вежби
  1. Преглед и конфигурација на репозиториуми (/etc/apt/sources.list), кратки вежби??
  2. Други командни пакет менаџери (zypper)
  3. Snap и Flatpak
  4. Работа со процеси
    1. Стартување на процеси во преден план или позадина
    2. Мониторирање на активни процеси, графички и командна линија (ps, pstree, top, jobs, uptime)
    3. Праќање на сигнали кон процесите
    4. Детектирање и прекинување на “заглавени” процеси (kill, killall)
  5. Набљудување на системот
    1. Меморија
    2. Процесор
    3. Хард диск
    4. Системски логови
    5. Кратки вежби
Ден 5 (4 часа)

  1. Работа со печатачи
    1. Инсталација на печатачи
    2. Конфигурација на печатачи
    3. Управување со принтерските редови на чекање
    4. Самостојни вежби
  2. Работа со компјутерски мрежи и Интернет
    1. Краток вовед во компјутерки мрежи (Адреси и класи)
    2. Hostnames, поставување статички и динамички адреси
    3. Мрежни порти
    4. GUI/TUI алатки во различните дистрибуции
    5. Решавање на проблеми со мрежната конекција
  3. Основи на безбедност во Linux
    1. Основни концепти за безбедност
    2. Краток вовед во заштитен ѕид
    3. Вовед во антивирус софтвер
    4. Кратки вежби

Забелешка: Курсот е предвиден да се оддржи за 20 часа, односно 5 дена по 4 часа.

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во две недели. Во двете недели се предвидени по 4 часа за секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците треба да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.

Цел на обуката: Основниот курс за работа со Linux организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за оперативниот систем Linux, запознавање со концептите и оспособување за работа во овој оперативен систем. Овој курс е наменет за сите слушатели кои би сакале да се запознаат и оспособат за работа со овој оперативен систем. Курсот е на основно ниво и не се потребни претходни предзнаења. По завршување на курсот, слушателите ќе бидат оспособени за користење и основно адаптирање на Linux базирани оперативни системи во секојдневните работни обврски. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.