Обуката за Практичен Интернет на нешта (IoT) со RaspberryPi ги воведува и разјаснува концептите на Интернет на нештата (Internet of Things) и примената на повеќе техологии во оваа нова и брзо развивачка гранка на индустријата. Обуката овозможува запознавање со основите на микроконтролери и микрокомпјутери, потоа преку работа со влезно излезни уреди, до градење на паметна соба, како и градење на систем на интернет на нешта (IoT). Се воведуваат и концепти за практична работа во облак, како една од најперспективните гранки за развој на паметни решенија во моментот.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
1. Вовед
a. Микроконтролери и микрокомпјутери, разлики (Raspebrry Pi, Polulu 3pi, Arduino); b. Архитектура, делови и функционалност на Raspberry Pi; c. Оперативни системи за Raspberry Pi, инсталирање на ОС; d. Поставување на работна околина; e. Основни команди и кратки програми; f. Практични примери. |
4 часа | Ден 1 |
2. Работа со надворешни компоненти
a. Пинови, прото-борд, разделник; b. Влезни и излезни уреди; c. Сензори; d. Практични примери. |
4 часа | Ден 2 |
a. Далечинско пристапување; b. Запознавање со NodeJS; c. Подигнување на работна околина; d. Практични примери.
|
4 часа | Ден 3 |
4. Работа во облак
a. Вовед за облак; b. Запознавање со околината на неколку облаци; c. Вовед во бази со податоци, разлики помеѓу релациони и нерелациони бази; d. Практични примери. |
4 часа | Ден 4 |
5. Синхронизација во реално време помеѓу Raspberry Pi и други апликации поврзани на облак
a. Работа со готови апликации; b. Споделување на податоци помеѓу сите уреди вклучени на ист облак; c. Градење на паметна соба или уред; d. Практичен проект. |
4 часа | Ден 5 |
Во рамките на обуката ќе се користат софтверски и хардверски ресурси при ФЕИТ и Институтот за КТИ кои ќе им бидат на располагање на слушателите.
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-10 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во сите 5 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените пет теми во обуката, како и по 1 час практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.
Потребни предзнаења: Обуката е наменета за технички лица со познавања од програмирање кои сакаат подетално да навлезат во концептите на Интернет на нештата (Internet of Things).
Цел на обуката: Оваа обука ги воведува и разјаснува концептите на Интернет на нештата (Internet of Things) и примената на повеќе техологии во оваа нова и брзо развивачка гранка на индустријата. Обуката овозможува запознавање со основите на микроконтролери и микрокомпјутери, потоа преку работа со влезно излезни уреди, до градење на паметна соба, како и градење на систем на интернет на нешта (IoT). Се воведуваат и концепти за практична работа во облак, како една од најперспективните гранки за развој на паметни решенија во моментот.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за успешно посетување и завршување на обуката.