Обуката овозможува запознавање со Базите на податоци, кои можат да му послужат на секој еден вработен во 21 век во организирање на податоците за работа и анализирање на истите. Поставување на прашања и обработка на податоците, запознавање со системи за управување на бази на податоци.
По завршување на обуката, слушателите може да полагаат за една од сертификациите:
1. Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање ECDL модулот Користење на база на податоци. Едно полагање за ECDL модулот Користење на база на податоци е вклучено во цената. ФЕИТ е овластен тест центар за стекнување со ECDL сертификати. Повеќе детали за ECDL сертификацијата (*).
или
2. Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-364 Database Fundamentals во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој може да се полага во некој од овластените Центри за полагање во Р.С. Македонија.
https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
1. Основните концепти податоци
● Вовед во податоците ● Дефиниција на податок и атрибути ● Опишување на податоци и мапирање од програмите ● Организација на податоци во компјутерски систем ● Дефинирање на единица податок |
3 часа | Ден 1 |
2. Организација на податоци
● Начин на организација на податоците ● Физички карактеристики ● Огранизирање на податоците во Блок меморија ● Дефинирање на податочни структури и организација ● Оптимизација на организирање на податоците ● Аспекти на пристап до податоците |
4 часа | Ден 2 |
3. Моделирање на податоци
· Концепт на моделирање на информација · Различни модели и дефиниција на објекти · Модели од реалниот свет · Вовед во Ентитет Релација · Примери |
5 часа | Ден 3 |
4. Проширен ентитет-релација модел и мапирање
· Предности на проширениот ентитет-релација · мапирање на дијаграм во релации · Аспекти на мапирање и разрешување на врските · примери |
4 часа | Ден 4 |
5. Вовед во SQL опишувачки јазик
· SQL синтакса · мапирање на релациони бази на податоци во табели · Ограничувања · Практична имплементација и креирање на бази на податоци · Генерирање на дијаграм |
4 часа | Ден 5
|
6. Вовед во SQL прашален јазик
· Основни концепти на прашање · Добивање на одговори · Манипулација со податоци · Примери |
4 часа | Ден 6 |
7. Работа на тригери
· Основи концепти на настан и „фаќање“ на настани · Обработка на настани со тригери · Примери |
3 часа | Ден 7 |
8. индекси и корисници
· Индексирање и кластерирани индекси · Креирање на корисници · Примери |
3 часа | Ден 8 |
9. Безбедност, Бекап и враќање на податоците
· Аспекти на безбедност и кориснички профили · Креирање на бекап и враќање на податоци |
5 часа | Ден 9 |
* Предуслов за стекнување ECDL сертификати е да се поседува ECDL индекс кој се набавува независно од посетата на курсот.
** По стекнување со ECDL BASE СЕРТИФИКАТ, со дополнително положување уште на модулите Презентации и Користење на база на податоци може да се стекнете со ECDL STANDARD СЕРТИФИКАТ.
Повеќе детали за ECDL сертификацијата и условите:
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 9 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 9 дена се предвидени по 2 до 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 до 2 часа практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.
Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со Базите на податоци, кои можат да му послужат на секој еден вработен во 21 век во организирање на податоците за работа и анализирање на истите. Поставување на прашања и обработка на податоците, запознавање со системи за управување на бази на податоци.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.
(*) Слушателите имаат можност да полагаат за ECDL модулот Користење на база на податоци. Едно полагање за ECDL модулот Користење на база на податоци е вклучено во цената.
(**) Обуката е исто така компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-364 Database Fundamentals од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација. Полагање за оваа сертификација не е вклучено во цената.