Вовед во дизајн на Веб апликации со WordPress

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
група / термин: 28.2.2022
Цена:
по договор

Обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМА Број на часови Ден
  1. Поставување на WordPress страница

Избирање на хостинг.

Инсталирање на WordPress.

Преглед на контролен панел во WordPress.

Тoolbar, navigation, homepage, login page, updater.

2 часа Ден 1
  1. Разгледување на основни елементи во WordPress

Работа со страници.

Работа со објави – управување, додавање, бришење.

Креирање категории.

Означување на текстови. Работа со тагови.

Најдобри практики.

Едитори – Gutenbergeditor, classic WYSIWYG editor.

Работа со медиа фајлови – додавање и зачувување.

Работа со блокови и класичниот едитор за збогатен текст.

8 часа Ден 1, 2, 3
  1. Регулирање на изглед на страница

Теми.

WordPress прилагодувач.

Widgets.

Менија.

4 часа Ден 3, 4
  1. Дополнителни можности на WordPress

Подесувања во WordPress.

Модули во WordPress.

Корисници.

Коментари.

2 часа Ден 4
  1. Одржување на WordPress страница

Безбедност.

Алатки за редовно одржување.

Алатки за заштита на страница.

4 часа Ден 5

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката ќе се изведува online, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува во групи. Ако групата има од 16 до 25  пријавени учесници, цената е 7000 ден. Ако групата е од 6 до 15 пријавени учесници, цената е 9000 денари, а ако групата е под 6 пријавени учесници, цената е 11 000 денари.

Тек на наставата: Обуката ќе стартува на 21 февруари 2022 година. Истата ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во една недела. Во секој ден се предвидени 4 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за програмирање.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.

Пријавување и информации на следниот меил: cdu@feit.ukim.edu.mk