Вовед во мрежно работење

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основните концепти на компјутерските мрежи и сите мрежни слоеви, со посебен фокус на мрежното ниво. Оттука се овозможува запознавање со конкретни стандарди и уреди за дефинирање на мрежни околини, жични и безжични. По завршувањето на курсот студентите се оспособени за самостојно дизајнирање и поврзување на мрежни уреди во компјутерска мрежа, како и за нивно конфигурирање.

Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-366: Networking Fundamentals во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој може да се полага во некој од овластените Центри за полагање во Р.С. Македонија.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМА Број на часови Ден
  1. Вовед во компјутерски мрежи

●        Класификација на мрежи: PAN, LAN, MAN и WAN

●        Мрежен хардвер

●        Мрежен софтвер

●        Протоколи и сервиси

●        Референтен модел TCP/IP

●        Примена на компјутерски мрежи

●        Мрежни стандарди и организации

3 часа Ден 1
  1. Запознавање со Ethernet LAN мрежи

●        Fast Ethernet,  Gigabit Ethernet, 10 Gigabit Ethernet.

●        MAC адреси и нивна улога

●        Unicast, multicast и broadcast пренос

●        Формат на 802.3 рамка

●        Подниво за контрола на пристап до медиум кај Ethernet LAN-ови

●        Принцип на работа на CSMA/CD

●        Минимална големина на Ethernet рамка

●       Детекција на грешка

3 часа Ден 2
  1. Мрежни уреди за Ethernet LAN мрежи

●        Мрежен уред засилувач (repeater)

●        Топологии на LAN мрежи

●        Мрежен уред хаб.

●        Мрежен уред мост

●        Алгоритми за транспарентно формирање мрежа од уреди.

●        Колизиски домени

●        Мрежен уред свич

●        Запознавање со Spanning Tree Protocol (STP)

●        Конфигурирање на виртуелни LAN мрежи

3 часа Ден 3
  1. Безжични LAN мрежи (3 часа)

●        Типови на безжични мрежи

●        Мрежни уреди во безжични мрежи

●        Архитектура на безжични LAN мрежи

●        802.11 множество на протоколи

●        Подниво за контрола на пристап до медиум кај безжични LAN мрежи.

●        Принцип на работа на CSMA/CA

●        Проблем на скриен терминал и изложен терминал

3 часа Ден 4
  1. Преведување на адреси со ARP/RARP

●        Логички(IP) и физички(MAC) адреси

●        ARP протокол

●        Формат на ARP порака

●        ARP кеш табели

●        Примена на ARP протокол

●        Proxy ARP

●        RARP протокол

●        Формат на RARP порака

3 часа Ден 5
  1. IP адресирање

●        IP протокол

●        IPv4 и IPv6 адреси

●        Доделување на IP адреси

●        Приватни IP адреси

●        Multicast и broadcast IP адреси

●        Работа со Ipconfig

●        Класи на IP адреси

●        Маски на IP адреси

●        Бескласно адресирање

3 часа Ден 6
  1. Препраќање и рутирање на мрежни пакети

●        Логичко групирање на мрежни уреди

●        Broadcast домени

●        Мрежен уред рутер

●        Внатрешен дизајн и архитектура на рутер

●        Рутирачки табели и табели за препраќање

●        Дефинирање на default рута

●        Препраќање и рутирање

●        Рутирање за најдолго поклопување

●        Конфигурирање на рутер

3 часа Ден 7
  1. Рутирачки протоколи

●        Статички и динамички алгоритми за рутирање

●        Distance-vector и link-stateалгоритми за рутирање

●        Автономни системи

●        IGP (Interior gateway protocol) протоколи

●        Рутирачки протокол RIP

●        Проблеми со distance vector рутирање кај RIP

●        Рутирачки протокол OSPF

●        Наоѓање најкратка патека со алгоритамот на Џикстра

●        Креирање на link-state бази на податоци

●        EGP (Exterior gateway protocol) протоколи

3 часа Ден 8
  1. Интернет пристап до приватни мрежи

●        Приватни мрежи

●        NAT протокол

●        Статички и динамички NAT

●        NAT табели

●        Маскирање на IP адреси

●        PAT протокол

●        Примена на NAT/PAT

●        Придобивки од NAT/PAT

3 часа Ден 9
  1. Самостојна работа и проверка на знаењето
3 часа Ден 10

 

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во првите 9 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените девет теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, десеттиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.

Цел на обуката: Обуката овозможува запознавање со основните концепти на компјутерските мрежи и сите мрежни слоеви, со посебен фокус на мрежното ниво. Оттука се овозможува запознавање со конкретни стандарди и уреди за дефинирање на мрежни околини, жични и безжични. По завршувањето на курсот студентите се оспособени за самостојно дизајнирање и поврзување на мрежни уреди во компјутерска мрежа, како и за нивно конфигурирање.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.

(**) Обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот Exam 98-366: Networking Fundamentals од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација. Полагање за оваа сертификација не е вклучено во цената.