Обуката овозможува запознавање со Python како еден од најкористените програмски јазици денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.
Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот 98-381 Introduction to Programming Using Python во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кој може да се полага во некој од овластените Центри за полагање во Р.С. Македонија.
https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
a. Општ развој на програмските јазици; b. Општа структура на програма и основни елементи на Python; c. Декларирање на променливи; d. Оператори – аритметички, релациони, логички; e. Влез и излез на податоци; f. Практични примери. |
3 часа | Ден 1 |
a. If … elif … else; b. Switch-case; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 2 |
a. While; b. For; c. Вгнездени циклуси; d. Практични примери. |
3 часа | Ден 3 |
a. Општо за полиња, листи; b. Работа со полиња – додавање, пребарување и бришење на елементи; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 4 |
a. Општо за матрици; b. Операции со матрици; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 5
|
a. Дефиниција на асоцијативно поле – клуч, вредност; b. Вгнездување на податоци; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 6 |
7. Функции
a. Дефиниција на функција; b. Аргументи на функција, повратна вредност од функција; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 7 |
8. Библиотеки
a. Вклучување на библиотеки; b. Користење на функции од библиотеки; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 8 |
9. Работа со стрингови
a. Дефинирање на стрингови; b. Операции со стрингови; c. Практични примери. |
3 часа | Ден 9 |
10. Работа со текстуални фајлови
a. Отворање и затворање на фајлови; b. Читање, запишување и додавање во фајлови; c. Конверзија на фајл од еден во друг формат; d. Практични примери. |
3 часа | Ден 10 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 6-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 10 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 час практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест што не е вклучен во бројот на часови за настава.
Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со Python како еден од најкористените програмски јазици денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.
(**) Обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитот 98-381 Introduction to Programming Using Python од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација. Полагање за оваа сертификација не е вклучено во цената.