Дигитално процесирање на сигнали и мултимедиски технологии (10-ДСПМТ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 10-Дигитално процесирање на сигнали и мултимедиски технологии (10-ДСПМТ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски, од областа на техничките науки и природно математички факултет.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа дигитално процесирање на сигнали и мултимедиски технологии

Дигитално процесирање на сигнали (ДПС) е во основа на целата денешна информатичка и комуникациска технологија и областите на нејзината примена постојано се шират, како на пример мултимедиските технологии, комуникациите, компјутерските системи, роботика, медицината, економијата и многу други. Брзиот развој во производството и во користењето  на дигиталните уреди и системи наметна потреба за кадар со поголемо теоретско знаење и дизајнерски вештини за развој на нови напредни системи и техники. 

Оваа студиска програма е дизајнирана така што овозможува разбирање на основите на дигиталното процесирање на сигнали, принципите, тековните апликации, пред се во областа мултимедиски технологии, како и на новите трендови. Наменета е за:

  •  Студенти (со соодветен степен на квалификации) кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во фирми кои се бават со проектирање на софтвер или хардвер и применуваат ДПС и мултимедиски технологии `
  • Студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теоретско знаење и квалификации релевантни за успешно занимавање со модерни ДПС и мултимедиски технологии
  • Вработени во фирми кои применуваат процесирање на сигнали кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примени на ДПС
  • Инженери, дизајнери на хардвер и софтвер, менаџери како и планери во индустријата кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните пристапи во ДПС технологијата и примените и имаат амбиција за проширување на областите на примена на методите на ДПС.

Студентите кои успешно ќе ги завршат студиите ќе можат:

  •  да ги имплементираат техниките за ДПС во нови области на примена
  • да демонстрираат разбирање за теоретските проблеми во процесирање на звук, слика, видео
  • да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на ДПС со посебен акцент на мултимедиските технологии
  • да покажат зрелост и оспособеност за следење на моментната состојба во истражувањата во некоја од специфичните области на ДПС со посебен акцент на мултимедиските технологии

Семестар 1

Задолжителни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05019 Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали 6 3+3 180
4ФЕИТ05002 ДПС во реално време 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ10025 Статистичко процесирање на сигналите и статистичко учење 6 3+3 180
4ФЕИТ05008 Дигитално процесирање на аудио 6 3+3 180
4ФЕИТ05010 Дигитално процесирање на говор 6 3+3 180
4ФЕИТ05031 Процесирање и анализа на слика 6 3+3 180
4ФЕИТ05009 Дигитално процесирање на видео 6 3+3 180
4ФЕИТ05018 Машинско учење во процесирање на сигнали 6 3+3 180
4ФЕИТ05016 Машински вид 6 3+3 180
4ФЕИТ05006 Биометрика и видео набљудување 6 3+3 180
4ФЕИТ05033 Сигурност во мултимедија 6 3+3 180
4ФЕИТ05030 Процесирање и анализа на биомедицински сигнали 6 3+3 180
4ФЕИТ05036 Техники за реално време и DSP микроконтролери 6 3+3 180
4ФЕИТ03014 Сензори, сигнали и системи за аквизиција на податоци 6 3+3 180

Семестар 2

Задолжителни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време(часови)
4ФЕИТ10 Истражувачки проект од областа на дигиталното процесирање на сигнали и мултимедиски технологии 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
Вкупно 30 900