ДИГИТАЛНО ПРОЦЕСИРАЊЕ НА СИГНАЛИ

Предмет: Дигитално процесирање на сигнали

Код: 3ФЕИТ05006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Димитар Ташковски

Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали. По зaвршување на курсот студентот е оспособен:  дигитално да процесира аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици  од нивното дискретизирање;  да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен  за сите последици и пратечки појави; да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри  како и да користи софтверски алатки и CAD пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри.

Содржина на предметната програма: z- трансформација (дефиниција, конвергенција, особини, инверзна). Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретизација. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT). Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов и С. Богданова Дигитално процесирање на сигнали ЕТФ Скопје 1998