Ден 2 на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ 2026 – Првиот телекомуникациски хакатон за средношколци во Македонија

Датум на настан: 03.03.2026

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ден 2 на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ– првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија. Настанот е осмислен да ги поттикне младите таленти да ја истражат иднината на информациско – комуникациските...

Отворен повик за INNOVABLUE CHALLENGE – BLUE INNOVATION TEAMS

Датум на настан: 26.02.2026

Со задоволство информираме дека официјално е објавен Отворениот повик за INNOVABLUE CHALLENGE – BLUE INNOVATION TEAMS, организиран од Interreg ADRION проектот INNOVABLUE во кој ФЕИТ е проектен партнер, а ИНОФЕИТ е асоцијативен партнер. На INNOVABLUE Challenge очекуваме да се поврзат истражувачи, иноватори, инженери и претприемачи со реални потреби на пазарот – мали и средни претпријатија,...

Саем за образование и кариера 2026

Датум на настан: 27.02.2026

Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе биде дел од Саемот за образование и кариера 2026 . ФЕИТ е меѓу најпрестижните високообразовни институции во РСМ која обезбедува континуирано образование на стручни и претприемливи индивидуи во областа на електротехниката и информациските технологии. Обезбедувајќи постојана технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, ФЕИТ остварува...

Покана за предавање од AI за id и контрола на системи на Бојан Мавков Од Ница, Франција

Датум на настан: 23.12.2025

На 23.12.2025 vo 14:00 vo ИНОФЕИТ ќе се одржи предавање од областа на вештачката интелигенција и контрола на системи на вон. проф. д-р Бојан Мавков од Универзитетот на Азурниот Брег во Ница, Франција со наслов „Идентификација и контрола на системи со примена на техники на машинско учење“. Во предавањето тој ќе ја сподели и својата...

ТЕЛЕХАК@ФЕИТ – Првиот телекомуникациски хакатон за средношколци во Македонија

Датум на настан: 12.12.2025

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ТЕЛЕХАК@ФЕИТ – првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија. Настанот е осмислен да ги поттикне младите таленти да ја истражат иднината на информациско – комуникациските технологии преку...

ИНОФЕИТ ЕДИХ: Повик за ХАКАТОН DigEduHack

Последна измена: октомври 29, 2025

На 13ти и 14ти ноември во организација на проектот ИНОФЕИТ ЕДИХ и партнерот СОЛВЕО ќе се одржи хакатон (ЛИНК до ПДФ документот) на тема – AI ADAPTATION GUIDE HACKATHON: EMPOWERING BUSINESSES & INSTITUTIONS каде главен предизвик е креирање на дигитални и АI алатки за организации. Сакате да ги искористите можностите на вештачката интелигенција? Само 40...

СКЕЕОР 2025

Датум на настан: 28.10.2025

Традиционалната Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР , во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и под покровителство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје годинава ќе се одржи по тринаесети пат, во периодот од 28-ми до 31-ви октомври 2025. Конференцијата за истражување и промоција на енергетска ефиканост...

Уписи на втор циклус студии 2025/2026

Датум на настан: 20.10.2025

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2025/2026 година ќе се врши од 20.10 и 21.10.2025 г. од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи: Индекс (пополнет), Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3), Статистички...

Промоција на дипломирани инженери и магистри 2025

Датум на настан: 19.06.2025

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 19.06.2025 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат дипломците и магистрите, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред: Диплома бр. Време I циклус 3219-3267 18:45 I циклус 3268-3318 19:00 I циклус 3319-3368 19:15 I...

Наградени студенти по години

Последна измена: јуни 17, 2025

Список студенти по години кои во учебната 2023/2024 година заклучно со августовскo-септемвриската испитна сесија постигнале вкупен просек 9 и над 9 Завршиле I студиска година со просек 9 и над 9 и освоиле најмалку 60 кредити Ред. бр. индекс Презиме Име СП кредити просек 1 22/2023 Бојаџиевски Филип КТИ 60 10,00 2 20/2023 Бошков Бошко...

Предавање на проф. Матјаж Гамс – Институт Јожеф Стефан, Словенија

Датум на настан: 09.06.2025

Во понеделник, 9ти јуни 2025 во 12:00 часот во Салата за состаноци ќе се одржи предавањето на проф. Матјаж Гамс од Институтот „Јожеф Стефан“, Љубљана, Словенија, на тема „Superintelligence is coming – how and when?“.  Повеќе информации за предавањето и предавачот се дадени на следниот линк. Предавањето е во организација на ФЕИТ, ФИНКИ и македонската...

Прва заедничка годишна конференција на докторски студии

Датум на настан: 26.05.2025

Универзитетската школа за докторски студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја организира првата заедничка годишна конференција на докторските студии во летниот семестар во академската 2024/2025 година. Конференцијата ќе се одржи во периодот од 26. мај до 2. јуни 2025 на кампусот на Универзитетот. Докторантите од областите инженерство и технологија ќе ги презентираат своите...

Презентација на можностите за стипендии од ОКТА на ФЕИТ

Датум на настан: 20.05.2025

На 20 мај 2025 во 12:30 h во Салата за конференции на ФЕИТ се организира презентација на можностите за стипендии кои ги нуди ОКТА АД СКОПЈЕ за студентите од последната година на студии на студиските програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР), како и за студентите запишани во прва година...

RoboMac 2025

Датум на настан: 12.05.2025

RoboMac 2025 – натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025”, кој ќе се одржи во периодот од 12–ти до 17–ми мај. Ова...

RoboMac Junior 2025

Датум на настан: 12.05.2025

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Македонската секција на IEEE, ја продолжува воспоставената традиција и по петти пат го организира натпреварот за средношколци во роботика и електроника RoboMac Junior 2025, во периодот од 12 до 14 мај 2025. Натпреварот се одржува паралелно со главниот настан –...

Пет години Science@FEIТ – Инженерството ја гради иднината!

Датум на настан: 09.05.2025

Спој на науката, академијата и индустријата кој ги тестира границите на возможното Скопје, април 2025 – Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) со гордост го најавува петтото, јубилејно издание на Science@FEIT – Првиот меѓународен конгрес на техничките факултети во Северна Македонија, што ќе се одржи на 9 и 10...

Предавање на тема „Кодери во трансформационен домен за звук и говор – класични и квантни реализации“

Датум на настан: 28.04.2025

На 28 април (понеделник) 2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи предавањето на проф. Андреас Спаниас од Arizona State University на тема „Кодери во трансформационен домен за звук и говор – класични и квантни реализации“. Професорот Спаниас од Arizona State University, САД овој семестар е на истражувачки престој на ФЕИТ...

Работилница „Технологија за тебе“

Датум на настан: 14.04.2025

На 14 и 15 април 2025 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи дводневниот настан „Технологија за тебе“, кој претставува уникатна платформа за практична едукација, вмрежување и поттикнување на иновации во областа на вградливите микрокомпјутерски системи. Главни организатори на настанот се ФЕИТ ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, при што активностите во ФЕИТ...

Предавање на тема „Решавање на шизофреничниот мозок“

Датум на настан: 14.04.2025

На 14 април (понеделник) 2025 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се одржи предавањето на м-р Даниела Јанева на тема „Решавање на шизофреничниот мозок“, во кое таа ќе зборува за својата работа на докторските студии на Institut de Neurosciences des Systèmes (INS), Aix-Marseille University, Франција. Предавањето ќе се одржи во Салата за...

Отворен ден и пролетна дружба на ФЕИТ

Датум на настан: 12.04.2025

Оваа сабота (12.04.2025) со почеток во 13:00 часот се организира Отворен ден на Факултетот и традиционалната пролетна дружба со кадарот и студентите. Во рамките на отворениот ден се планирани повеќе активности за средношколците од сите средни училишта во Државата: – претставување на студиските програми на ФЕИТ – посета на лаборатории преку Scavenger HUNT (предизвици, забава...