Лабораторија за безжични и мобилни мрежи

Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи е формирана во 2007. година под раководство на проф. д-р Л. Гавриловска и претставува истражувачка база на истражувачката WINGroup (Wireless Networking Group; http://wingroup.feit.ukim.edu.mk/). Целосно е екипирана со средства од истражувачки проекти (EU, NATO, билатерални, Македонски Телеком). Во декадата на своето постоење оваа лабораторија и истражувачка група станаа препознатливи во меѓународни рамки.

 

Лабораторија за безжични и мобилни мрежи

Лабораторија е екипирана со: хардверска ( три Dell 640 сервери и еден послаб сервер, Full 10GbE LAN, USRP-a x310 и USRP-a 210 за различни спектрални подрачја, два QualiPoc оспособени SAMSUNG мобилни телефони, неколку WLAN и WLAN подсистеми, RFID TagSense, Libelium-ов waspomote екипиран со различни амбиентални сензори погодни за надворешен надзор, NFC-a, TI eZ430-RF2500 сензори, SunSPOT сензори и Microsoft Kinect), софтверска (АMARI, QualNet, Linux-базиран NS3, MATLAB) и мерна платформа (високо квалитетен спектрален анализатор Rodhe&Schwarz FSW (до 8GHz), два рачни спектрални анализатори Rodhe&Schwarz FSH8, сигнален анализатор Anritsu MS2690A (до 6GHz) со вграден векторски сигнален анализатор, мал рачен спектрален анализатор погоден за мерења во затворен простор, и неколку discone и биконични антени (до 3GHz)). Во лабораторијата е инсталирана првата 5Г 10 GBps платформа за виртуализиран cloud – базиран RAN (Radio Access Netweork).

Лабораторијата е опремена со врвна опрема погодна за мерења и дизајн на демо платформи, моделирање и проверка на квалитет на сервис во безжични мрежи и ЛТЕ, спектрални мерења, различни сензорски набљудувања.

Опремата овозможува учество во меѓународни и национални мерни кампањи, како и развој на комерцијални продукти (Smart Wine za Makedonski Telekom). Лабораторијата е акредитирана за „Мерење на карактеристики и сообразност на радио опрема“ и „Мерење на радио спектар”. Во неа престојувале во повеќе наврати партнери од странство, работејќи на демо инсталациите. За својата работа раководителот и членовите на WINGroup имаат добиено повеќе меѓународни и национални признанија.