Лабораторијата за радијациона физика (РАД-ЛАБ) e формирана во 2018 година, како континуитет на Центарот за сончеви технологии и акредитираната Лабораторија за детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење.
РАД-ЛАБ е акредитирана од Институтот за акредитација на РСМ и работи по стандардот за квалитет MKC EN ISO / IEC 17025:2018 за следните испитувања:

Детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење:

  • Стандард МКС EN 13751:2011 – Прехранбени производи – Откривање на храна третирана со јонизирачко зрачење со користење на фотостимулирана луминисценција,
  • Стандард МКС EN 1788:2011 – Прехранбени производи – Детекција на термолуминесценција на храна третирана со јонизирачко зрачење од која можат да се изолираат силикатни минерали.

Процена на персоналниот дозен еквивалент од надворешно изложување на јонизирачко зрачење со термолуминесцентни дозиметри за персонален мониторинг Hp (10):

  • Стандард: IEC 62387:2012 Инструментација за заштита од радијација – Пасивна интегрирана дозиметрија за индивидуален, професионален и мониторинг на животната средина на фотонско и бета зрачење,
  • Стандард: IAEA GSG-7:2018 Општ безбедносен водич – Заштита од радијација при работа.

Метода за мерење на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент H*(10) во близина на извори на јонизирачко зрачење во работна средина:

  • Стандард: IAEA-PRTM-1 Метода за мерење на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент H*(10).

РАД-ЛАБ е акредитиранa од ИАРСМ по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење и процена на персонален дозен еквивалент со Сертификат за акредитација број ЛТ – 099.

РАД-ЛАБ  е вклучена во наставната дејност на факултетот, во која студентите од прв, втор и трет циклус студии работат практични задачи и научни истражувања поврзани со нивните дипломски, магистерски и докторски работи.

РАД-ЛАБ остварува и забележителна научноистражувачка дејност во областа на испитување и карактеризација на материјали изложени на јонизирачко зрачење, обновливите извори на енергија со фокус на фотоволтаиците и енергетската ефикасност. Научните истражувања реализирани во РАД-ЛАБ, во соработка со голем број странски истражувачки центри, се објавуваат во референтни списанија со фактор на влијание.

РАД-ЛАБ е носител на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во РСМ – мониторинг на храна третирана со јонизирачко зрачење, доделена од Владата на РСМ – Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во РАД-ЛАБ се прават испитувања и карактеризација на материјали изложени на јонизирачко зрачење со користење на техниките:

  • оптички стимулирана луминисценција со мобилниот инструмент SUREC PPSL за детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење,
  • термолуминисценција и оптички стимулирана луминисценција со системот Riso TL/OSL DA 20 со радиоактивен извор на бета зрачење 90Sr/90Y,
  • термолуминисцентна дозиметрија со инструментот TLD Reader RE-2000A,
  • мерење на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент со инструментот GAMMA-SCOUT,
  • дозиметрија со спектрометар EPR SPINSCAN XDS,
  • дозиметрија со Jasco сектрофотометар во видливо и ултравиолетово браново подрачје.

Во РАД-ЛАБ се прави карактеризација и тестирање на сончеви колекторски  и фотоволтаични системи со користење на демонстрациона и реална опрема.

РАД-ЛАБ располага и со лабораторија за подготовка на примероци и тенки филмови.

Технологии и методи за испитување во РАД-ЛАБ 

Контакт: radlab@feit.ukim.edu.mk

Политика за пристап 

Кратко резиме на проектот „Воведување на нови аналитички методи за електрон-спинска резонанција и за термолуминисцентна дозиметрија“ 

Научни и стручни трудови 

Проекти 

Постер – РАДЛАБ