6. Работилница од теорија на графови и применета математика

Последна измена: септември 16, 2022

Во коорганизација на ФЕИТ и друштвото на графовски теоретичари (МСГТ) во периодот од 13.08.2022 до 17.08.2022 во Охрид се одржа шестата македонска работилница од теорија на графови и применета математика. Целта на оваа работилница, која се одржува еднаш годишно, е да ја популаризира дискретната математика во Македонија. Годинава поканети предавачи на работилницата беа Martin Knor (Словачка) , Peter Dankelmann (Јужноафриканска република) и Justin Z Schroeder (САД). На работилницата учествуваа истакнати истражувачи и студенти на втор и трет циклус од Македонија, Словенија, Хрватска, Словачка, САД, Турција, Австрија и Австралија.