Тимот Mind Benders со нивното решение Дигитално Мени се национални победници и продолжуваат во глобалниот „Generation Unlimited” натпревар! Таму заедно со останатите проекти од 41 земја, ќе се натпреваруваат за дополнителна поддршка од глобалните партнери на UNICEF!
Тимот Mind Benders е составен од двајца студенти на ФЕИТ: Марија Чаушевска и Дамјан Златинов, Ивона Миланова (дипломиран студент на ФЕИТ), како и двајца млади луѓе со попреченост : Ана Пупоска (целосно оштетен слух) и Кристијан Лазарев (целосно оштетен вид), и е под менторство на Д-р Христијан Ѓорески – Доцент на ФЕИТ.
Дигитално Мени е апликација, која што има за цел да го промени корисничкото искуство на лицата со различен вид попреченост при посета на угостителски објекти: рестораните, кафулињата, пекарите итн. На некој начин, Дигитално мени претставува инклузивно мени на 21 Век. Апликацијата е наменета за лица со попречености , како и за лица без попречености. Целосно се имплементирани 5 режими на работа:
- Оштетен вид – секоја ставка и состојка од менито е звучна прилагодена;
- Оштетен слух – снимени видеа на знаковен јазик, каде што секоја состојка од менито е прикажана на знаковен јазик;
- Дислексија – менито е прилагодено со соодветен фонт и боја која е соодветна;
- Интелектуална попреченост – секоја ставка од менито е звучно прикажана вклучувајќи и анимирана слика
- Регуларен режим за лица без попречености
Во мобилната апликација моментално целосно се дигитализирани повеќе од 20 менија од ресторани и барови. Исто така, изработена е и администраторска веб страна, преку која сопствениците на рестораните ќе можат сами да си ги внесуваат и ажурираат своите менија.
Апликацијата Дигитално Мени е достапна на следниот линк на Google Play Store.
Повеќе за самата апликација можете да погледнете на промотивното видео:
Promo video ?https://play.google.com/store/apps/details?id=com.digitalmenu2&fbclid=IwAR29Cd2Fot2o-XNCnTEk5tXXq_N7Ahh6dIKf6Hrv017A238hdMChbFxVk7I
Posted by Digital Menu on Среда, 22 април 2020
Следете ги Mind Benders на Facebook и на инстаграм: