Донација од компанијата Контрон за ФЕИТ за студиската програма КХИЕ

Објавено: март 17, 2026

На 13 Март во Деканатот на ФЕИТ го одбележавме приемот на донацијата од Контрон што се состои од:

– пет комплета микрокомпјутери Raspberry Pi 5

– пет комплета микрокомпјутери  STMP157, (во Контрон наречени „Олгица“)

во вредност од 1500 евра.

          Кај Деканот беа присутни Управителот г-н Слободан Јовановски, Заменик управителот г-ѓа Даниела Јовановиќ и Раководителот на Embedded Division г-н Слободан Бешковски од Контрон, проф. Ралева и проф Ќосев од Институтот за електроника, како и тројца претставници на студентите од програмата КХИЕ запишани на Вградливи микрокомпјутерски системи.

          Институтот за електроника и Контрон соработуваат во областа Вградливи микрокомпјутерски системи веќе две години, што резултираше со три инженери од програмата КХИЕ да бидат вработени во Контрон. Исто така минатиот семестар г-н Бешковски презентираше некои од  Embedded технологиите на компанијата на часовите од предметот Вградливи микрокомпјутерски системи на ФЕИТ.

          Оваа донација ќе ја подигне нашата соработка на повисоко ниво и ќе им овозможи на студентите да работат проекти со актуелни уреди и технологии, директно употребливи во Embedded инженерската практика.