Електронското пријавување за запишување на нови студенти во академската 2025/2026 ќе се врши од 30.6.2025 до 20.8.2025 година до 15 часот.
Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот (системот е веќе отворен) .
Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.
Доставувањето на потребните документи за пријавување на кандидатите за упис на прв циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2025/2026 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот на 19.8. и 20.8.2025 година.
Потребни документи за пријавување:
- Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
- Оригинал диплома за завршено средно образование,
- Оригинал свидетелства за секоја завршена година во средно образование,
- Оригинал извод од матичната книга на родените,
- Оригинал уверение за државјанство,
- Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава),
- Потврда за уплатa:
– Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.