ФЕИТ на првиот форум на УКИМ за квалитет во високото образование

Објавено: октомври 30, 2025

На 27 октомври 2025 година, се одржа првиот Форум за квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под мотото „Со квалитет до извонредност“. На настанот присуствуваа: министерката за образование и наука, ректори на јавни и приватни универзитети, претставници од Агенцијата за квалитет во високото образование, декани, директори на единици, сенатори, студенти и претставници од деловната заедница. Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беше избран како еден од трите најдобри практики на Универзитетот за промоција. Деканот на ФЕИТ одржа куса презентација за клучните аспекти на ФЕИТ и иницијативите кои факултетот ги презема последнава деценија за негово позиционирање како лидер во наставната, научно-истражувачката и иновациската дејност во Македонија.

Целта на форумот е да се создаде трајна платформа за дијалог, инспирација и размена на добри практики, насочена кон унапредување на системот за обезбедување на квалитет во високото образование.