Голем успех на нашиот колега проф. Марјан Попов

Објавено: декември 9, 2021

Нашиот поранешен колега проф. д-р Марјан Попов е избран за IEEE Fellow за 2022 година, за неговите придонеси во науката. Ова е едно од највисоките признанија, како и важно достигнување во кариерата, што го доделува едно интернационално здружение на електро-инженерите. Во последните 17 години Марјан работи во областа на заштита на електричните мрежи и моделирање на високонапонските прекинувачи. Некои од исклучителните достигнувања на Марјан се: влијанието на високо-напонските прекинувачи и кабли врз појавата на резонанција при вклучување/исклучување на трансформаторите, влијанието на фреквенциски зависната импеданса на земјиното тло врз трансформаторите, простирањето на електромагнетните бранови низ електроенергетските мрежи.
Проф. Марјан Попов е роден во Кавадарци во 1969, дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1993, каде е вработен како помлад асистент при Институтот за електрични централи и разводни постројки. Во 1998 тој магистрира, а во 2002 докторира на Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, каде работи и денес.

Марјан честитки од ФЕИТ!

07062018 – delft, faculty EEMCS, building 36, Nicola Pezzotti, Marjan Popov en Arno Smets
TUDELFT
© Thierry Schut
iov Trudy Middendorp