Инфо за бесплатен пристап до Емитер

Објавено: октомври 14, 2022

Почитувани студенти и колеги,

Ве известуваме дека соработката помеѓу ФЕИТ и списанието за наука и техника ЕМИТЕР продолжува и оваа година https://emiter.com.mk/vesti/20065 При тоа е обезбедена групна претплата на електронското издание на ЕМИТЕР во која, покрај броевите од следната година, се вклучени и броевите од претходните 10 години (заклучно со 2013 година). Пристапот е овозможен преку безжичните мрежи на ФЕИТ кои излегуваат на интернет со своја фиксна IP адреса. За да пристапите до спомнатите електронски изданија на ЕМИТЕР треба да отидете на е-продавницата на Емитер www.emiter.mk и во полето за најава да се најавите со:

Е-адреса: emiter@feit.ukim.edu.mk

Лозинка: FEIT-Emiter

По најавата ќе можете да ги отворите и читате наведените броеви преку менито Профил > Моја е-библиотека или преку менито Списание ЕМИТЕР. За повеќе информации погледнете го следново Упатство https://emiter.mk/Gis/Upload/Upatstva/03_UpatstvoCitanjeFlipBuk_V3.pdf.

Веруваме дека претплатата на Емитер ќе биде од полза за сите студенти како вредна дополнителна литература при студирањето, особено за вежбите, практичните проекти, семинарските и дипломските трудови. Прет­платата исто­вре­мено претс­та­­вува и директна под­дршка за работата на ЕМИТЕР, сигнал дека ФЕИТ ја чувству­ва по­т­ребата за неформално дополнување на об­­разова­нието на своите студенти и ја под­држува едукативната, информа­тивна­та и науч­но-популарната мисија на списанието.

Исто така, напоменуваме дека списанието ЕМИТЕР е отворено за соработка во насока на објавување на информации за активностите на ФЕИТ, како и со објавување на дипломски и семинарски работи од студентите и стручни трудови од наставниците. Списанието ЕМИТЕР е индексирано во НУБ “Климент Охридски“ и секој објавен напис ќе биде запишан во базите на НУБ како научно-популарен, стручен или научен труд на авторите.