Програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2021

Објавено: јуни 2, 2021

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE, како заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје, продолжува и во 2021. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

Повеќе детали за програмата може да се најдат на: https://inno.feit.ukim.edu.mk/inno-sae-2021-2/

За да се олесни комуникацијата помеѓу интердисциплинарните тимови формирани од студенти од различни факултети, ИНОФЕИТ ќе организира информациски денови за вмрежување и ориентација по потреба преку телеконференциска врска.

За дополнителни информации, сите заинтересирани можат да се обратат на innofeit@feit.ukim.edu.mk.