Конзорциумот на проектот SЕЕтheSkills го одржа својот 18 работен состанок

Објавено: март 18, 2024

Во рамките на проектот Одржливи енергетски вештини во градежништвото: Акција за зголемување на видливоста, валидацијата и вредноста на вештините (Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable) – SЕЕтheSkills, во Братислава на 29 февруари се одржа меѓународната конференција „BIM Virtual Tour“ на која што учествуваа претставници од 10 партнери во проектот од Северна Македонија, Словенија, Шпанија, Словачка и Холандија, меѓу кои и тимот од Факултетот за електротехника и информациски технологии. Конференцијата е организирана од проектот SEEtheSkills, во соработка со Словачкиот универзитет за технологии од Братислава и БИМ ассоцијацијата на Словачка. На конференцијата беа презентирани најновите достигнувања во примената на BIM (Building Information Modelling) технологиите за зголемување на енергетската ефикасност на објектите и следење на нивните на енергетски параметри, со цел намалување на потрошувачката на енергенси.

На 1 март се одржа состанок на Извршниот одбор на SЕЕтheSkills за координирање на проектните партнери, како и 18. проектен работен состанок, на кој се дефинирани престојните проектни активности меѓу кои: одржување на вебинари од обновливи извори на енергија, BIM и енергетска ефикасност на згради, промоција на развиените дигитални алатки као Регистарот на сертифицирани професионалци, електронската алатка за препознавање на претходните знаења и вештини, електронската алатка за самоевалуација на енергетските карактеристики на домовите и базата на енергетски ефикасни градежни материјали. Домаќин на состанокот беше Словачката комора на градежни инженери.

Проектот SEEtheSkills започна со реализација на 1 јуни 2021 како дел од програмата Horizon 2020, подпрограма Secure, clean and efficient energy и се наближува кон крајот на својата 3-годишна имплементација.