На 12.12.2024 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии со компанијата Солар Спектар АГ ДООЕЛ од Скопје беше потпишан меморандумот за соработка како и договорот за донација на фотоволтаична опрема. На потпишувањето покрај деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски и управителот на Солар Спектар Горан Мојсоски присуствуваа и раководителот на институтот за електрични машини, трансформатори и апарати проф. д-р Гога Цветковски како и дипломираните инженери по ЕТ и ИТ од Солар Спектар м-р Ангела Најдоска и Јана Паневска. Со потпишување на овој договор компанијата Солар Спектар станува еден од многуте партнери на ФЕИТ кои со опрема го финансираат осовременувањето на ФЕИТ во доменот на научно-истражувачка опрема. Во рамките на ова донација донирана е фотоволтаична опрема која се состои од: два бифацијални панели, микроинвертор, два рефлектори, дополнителна приклучна опрема и соодветна подвижна конструкција. Оваа донација која е во вредност од 2.400 евра ќе придонесе кон зголемување на техничките капацитети на Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати при ФЕИТ во Скопје. Донираната лабараториска опрема ќе се користи за реализација на лабораториски вежби, изработување на семинарски и проектни задачи, дипломски работи, магистерски и докторски тези како и за реалзирање на научно-истражувачка и аплиактивна дејност на студентите и наставниот кадар од соодветните области. Со оваа донација се потврдува перманентната заложба на ФЕИТ во зголемувањето на соработката на факултетот со индустриските компании. Особено радува фактот што оваа донација доаѓа од фирма чиј што управител и вработени инженери по електротехника и информациски технологии се поранешни студенти на ФЕИТ.
ФЕИТ се надева на понатамошно продлабочување на соработката.