Натпревар за најдобра магистерска работа – проект TRANSIT

Објавено: април 25, 2024

Проектот TRANSIT во кој учествуваат  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, (УКИМ)/Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ЕВН Македонија ги поканува студентите кои завршиле втор степен на студии во учебната 2022/2023 година, во областите на транзиција кон одржлив развој и/или обновливи извори на енергија да учествуваат во натпревар за најдобра магистерска работа.

Повеќе информации за проектот се достапни на веб страницата овде. Овој проект има за цел да обезбеди програми за обука и преквалификација за тековните и идните генерации во областа на обновливи извори на енергија и одржлив развој.

Покрај другите активности, проектот TRANSIT организира натпревар за најдобра магистерска работа и затоа се бара труд кој на ефикасен, иновативен и креативен начин предлага реалистично решение на проблемот опфатен со темата. Учесниците се поканети да го пополнат формуларот достапен на следниот линк, каде ќе имаат можност на кратко да ја претстават својата работа и главните заклучоци. Формуларот е на англиски јазик поради меѓународниот карактер на проектот.

Најдобриот труд, според критериумите на иновативност, оригиналност, влијание и достигнување на магистерската работа, ќе биде награден на државно ниво со TRANSIT трофеј и парична награда од 300 евра. Исто така, победникот ќе земе учество на натпреварувањето на европско ниво, каде наградите се трофеј и парична награда од 1000 евра. Трудовите ќе бидат оценувани од Комисија за спроведување на натпреварите, која е составена од по еден член од сите европски земји кои учествуваат во проектот.

Натпреварот е отворен од 29.04.2024 година до 31.05.2024 година.