Нови резултати во синтезата на говор на ФЕИТ

Објавено: март 25, 2021

 

Групата за говорни технологии при ФЕИТ ги објави најновите резултати во синтезата на говор на македонски на својата веб страна. Првичните резултати добиени со системот „Везилка“ ги поместуваат границите на високо-квалитетната синтеза на говор на македонски јазик. Системот е во активен развој, а се базира на врвните техники за длабоко учење.

Групата за говорни технологии има долга и богата традиција и експертиза во областа на говорните технологии, опфаќајќи ги синтезата и препознавањето на говор, како и неговата анализа и процесирање. Групата функционира во рамките на Институтот за електроника, и е интегрирана со работата на DIPteam-от. Покрај кадарот на ФЕИТ, групата исто така вбројува студенти на магистерски студии на студиските програми Мултимедиски технологии  и Дигитално процесирање на сигнали , како и студенти на додипломски студии кои следат курсеви на програмата КХИЕ .