МУЛТИМЕДИСКИ ТЕХНОЛОГИИ (19-МТ)

Студиска програма: 19-Мултимедиски технологии (19-МТ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа мултимедиски технологии

Развојот и достапноста на мултимедиските технологии доведе до рапидно зголемување на потребите на компаниите за стручни лица од оваа област. Оваа потреба во моментов се задоволува со селекција на инженерски кадар од областите дигитално процесирање на сигнали и компјутерско инженерство и нивно понатамошно едуцирање во компаниите или на универзитети во странство. Типично, инженерите во овие области се со добри технички познавања, но нивното познавање на креативните аспекти на процесот на создавање мултимедиски содржини е слабо. Тие ги следат достигањата во мултимедиските технологии како нивен личен интерес, но не и како професионална обврска. Развојот, пак, во овие технологии е толку динамичен што нивното познавање и користење е единствено можно со темелна едукација на кадрите и во техничко-технолошките области, но и во креативните процеси на создавање на мултимедиски содржини.

Наставните содржини понудени во оваа програма ќе им овозможат на студентите едукација која е адаптирана на современите текови на развој на мултимедиските технологии и на потребите на компаниите кои својата дејност ја развиваат токму во оваа област. Потребата за кадар во овие компании се гледа не само во доменот на користење на современите мултимедиски технологии, туку и во истражувањето и развојот на нови. Се поголем дел од компаниите се насочуваат кон истражувањето и развојот во овие области како нивна перманентна ориентација. Во таа ориентација нивниот најголем проблем во моментов е недостатокот од соодветно едуциран кадар и неможноста за континуирано следење на новините и надоградување на знаењата преку осмислен системски пристап. Наставните содржини на оваа студиска програма овозможуваат активно вклучување на студенти од чисто техничка средина, но исто така сосема рамноправно учество и на кадри од уметничката фела. Програмата е така конципирана што ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, дизајн и имплементација на разновидни мултимедиски системи во различни услови и за различни намени. Во повеќе сегменти во програмата се вклучени најновите технологии од повеќе аспекти на подрачјето на мултимедиски системи: мрежи, сензорски системи, графика и анимација, дигитална обработка на слика, видео и аудио итн. Студентите на оваа студиска програма ќе бидат исклучително оспособени за работа во интердисциплинарни тимови, како и за работа во сите сфери на тековното модерно мултимедиски ориентирано општество, во информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат мултимедиски системи, како и во подрачјето на уметноста и индустријата за забава.

Секако, магистрите од оваа студиска програма можат сосема рамноправно да се вклучат и да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.

Прв семестар
Задолжителни предмети – Програмата нема задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време (часови)

Изборен предмет 163+0+0+3180

Изборен предмет 263+0+0+3180

Изборен предмет 363+0+0+3180

Изборен предмет 463+0+0+3180

Изборен предмет 563+0+0+3180
Вкупно
3015+0+0+15900





Изборни предмети



КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ05003Дигитално процесирање на аудио63+0+0+3180
3ФЕИТ05004Дигитално процесирање на видео63+0+0+3180
3ФЕИТ05005Дигитално процесирање на говор63+0+0+3180
3ФЕИТ05009Машински вид63+0+0+3180
3ФЕИТ05010Машинско учење во процесирање на сигнали63+0+0+3180
3ФЕИТ07010Напредни стандарди за складирање  и обработка на податоци63+0+0+3180
3ФЕИТ05011Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали63+0+0+3180
3ФЕИТ08020Нумерички методи63+0+0+3180
3ФЕИТ08024Оптички феномени63+0+0+3180
3ФЕИТ05023Процесирање и анализа на слика63+0+0+3180
3ФЕИТ05025Сигурност во мултимедија63+0+0+3180
3ФЕИТ10035Теорија на информации63+0+0+3180
Втор семестар
Задолжителни предмети
КодПредметКредитиНеделен фонд на часовиВкупен расположив фонд на време(часови)
3ФЕИТ00Магистерска работа200+0+0+20600
Изборни предмети
3ФЕИТ19Истражувачки проект од областа на мултимедиските технологии60+0+0+6180

Универзитетски изборен предмет42+0+0+2120
Вкупно
302+0+0+28900