Нумерички методи (II циклус)

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Нумерички методи

Код: 3ФЕИТ08020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Соња Геговска-Зајкова

Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување за конструирање математички модели и совладување техники за нумеричко решавање разни проблеми од областа на природните, техничките и општествените науки. Усвојување на најчесто користените нумерички методи и критериуми за избор на најсоодветен метод базирани на нумеричка прецизност, ефикасност и стабилност.

Содржина на предметната програма: Математичко моделирање. Општи итеративни постапки (конвергенција на постапката, оцена на грешката, критериуми за излез). Општи итеративни постапки за решавање равенки и системи равенки. Локална конвергенција. Интерполација,апроксимација и фитување функции. Нумеричко решавање  обични диференцијални равенки:линеарни повеќечекорни методи, методи Рунге-Кута, решавање системи диференцијални равенки. Почетни и гранични проблеми. Нумеричко решавање парцијални диференцијални равенки: конечни разлики, дискретизација, конзистенција, конвергенција и стабилност. Примена на нумеричките методи во решавање проблеми од инженерството.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 S. C. Chapra Applied Numerical Methods with Matlab for Engineers and Sciencists McGraw-Hill Science/Engineering/Math, 3rd ed. 2012
2 W. Y. Yang, W. Cao, T. Chung, J. Morris Applied Numerical Methods using Matlab A Јohn Wiley & Sons, Inc., Publication 2015
3 S. Larsson, V. Thomée Partial Differential Equations with Numerical Methods Springer 2008