Дигитално процесирање на видео

Последна измена: јануари 6, 2020

Предмет: Дигитално процесирање на видео

Код: 3ФЕИТ05004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Томислав Карталов

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е да се постигне разбирање на теоријата позади различни проблеми од видеопроцесирањето, како и практично искуство во решавање на тие проблеми.  По завршувањето на овој курс, студентите ќе бидат оспособени да вршат истражување во полето на дигитални видеа (како и низи од слики), и ќе ги разбираат модерните примени на видео процесирањето, како на пример видеоанализа, видеостриминг, видеокомпресија.

Содржина на предметната програма: Основи на аналогно и дигитално видео, просторно-временско одбирање, конверзија на структурата на одбироците. Модели на формирање на видео. Моделирање на 2D движење. Анализа на движењето: диференцијални методи, споредувачки методи, оптимизациски методи. Видео сегментација. Следење на објекти. 3-D движење и естимација на структура. Филтрирање и потиснување на шум.  Реставрација на видео. Суперрезолуција. Компресија без загуби. Квантизација и DPCM. Кодирање во домен на трансформација, JPEG. Кодирање во домен на фреквенциски подопсези. Вејвлети. JPEG 2000. Компресиски стандарди базирани на видеорамки. Објектно-базирано кодирање. MPEG-4. Содржински-базирано видео индексирање. MPEG-7. Водено означување на дигитални слики и видеа.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Yao Wang, Joern Ostermann, and Ya-Qin Zhang Video Processing and Communications Prentice Hall 2002
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 M. Tekalp Digital Video Processing Prentice Hall 1995
2 J.W. Woods Multidimensional Signal, Image and Video Processing and Coding, 2nd edition Academic Press 2012
3 Arch C. Luther, Andrew F. Inglis Video Engineering McGraw Hill 1999