Оптички феномени

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Оптички феномени

Код: 3ФЕИТ08024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на оптичкото формирање на слика и примена на различни оптички елементи како леќи, монохроматски филтри, поларизатори и сл. во мултимедиските технологии. Запознавање со поимот визуелна перцепција и тродимензионалното гледање, како и основите на формирање на тродимензионална слика. Стекнување на способност за дизајнирање на осветлување за медиски потреби и примена на светлински ефекти.

Содржина на предметната програма: Светлината како дел од ЕМ спектар. Елементи од геометриска оптика: простирање на светлината, прекршување, формирање на лик, дисперзија. Оптички елементи: призми, филтри, леќи. Аберација кај леќите. Оптички уреди: микроскоп, фотоапарат, камера. Дизајн на модерни оптички системи. Толеранција и методи на оптимизација на оптичките системи. Елементи на визуелна перцепција, човековото око како оптички уред: формирање на слика, движење на слика, стереоскопско 3Д гледање. Концепт на боја, гледање во боја, формирање на бои, колориметрија. Примена на ефекти од физичка оптика (дифракција, интерференција и поларизација) во мултимедиски перформанси. Поларизациони филтри. Атмосферска оптика. Светлински извори, ЛЕД, ласери. Холографија и холографска слика. Фотометрија: осветленост, дизајн на осветлување и светлински ефекти.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1R. J. KosheIllumination Engineering: Design with Nonimaging OpticsWiley2013
23. Harrison H. Barrett and Kyle J. MyersFoundations of Image ScienceJohn Wiley & Sons2004
3M. Born and E. WolfPrinciple of OpticsCambridge University Press.1999